Топло чоколадо со чили: Необичен спој на слатко и луто

Топло чоколадо со чили: Необичен спој на слатко и луто

Замислете си чоколаден напиток со остар вкус на чили и арома на рум. Звучи добро, зарем не? За подготовка на овој неверојатен пијалак ќе ви бидат потребни само десетина минути, а со неговиот вкус ќе ги воодушевите сите.

Потребни состојки:
  • 100 грама чоколадо
  • 5 децилитри млеко
  • 2 ванила стапчиња
  • 2 лажици мед
  • 10 грама мелено чили
  • 2 грама сол
  • 5 децилитри рум
Начин на подготовка:
  • Загрејте го млекото, додајте ги стапчињата ванила и оставете ги да седат 10 минути.
  • Процедете го млекото, додајте го чоколадото скршено на парчиња и 1,25 децилитри вода и повторно загрејте ја смесата со мешање.
  • Кога ќе се стопи чоколадото, додајте ги медот, солта, чилито и румот и добро измешајте.

Пијалакот се служи врел.

Доколку сепак повеќе ви се допаѓа традиционалниот вкус на топлото чоколадо, пробајте го овој рецепт за топло чоколадо со Нутела.