8 знаци дека полека, но сигурно станувате зависни од кафе

8 знаци дека полека, но сигурно станувате зависни од кафе

Голем дел од човештвото не може ни да си го замисли денот без омилената шолја кафе. Но, понекогаш, поради брзиот начин на живот, може да паднеме во искушение да ја зголемуваме дневната доза со цел да го „преживееме“ денот побудно и пофокусирано. Ова може да доведе до појава на зависност, што потоа може да има негативно влијание на вашето здравје. Па, ако сте големи љубители на кафето и се сомневате дека можеби вашата љубов преминува во зависност, тогаш погледнете ги следниве знаци коишто откриваат дека е време да ја намалите вашата дневна доза кофеин.

1. Главоболка

Истражувањата покажале дека над 50% од луѓето што редовно пијат кафе имаат умерена до силна главоболка ако пропуштат да се напијат кафе само еден ден.

2. Срцебиење

Ако срцето брзо ви чука и почнува да ви „прескокнува“ ритам откако ќе се напиете кафе, голема е шансата дека веќе сте ја надминале безбедната граница кофеин за вашето тело.

3. Немир

Ако чувствувате необјасниви немир, нервоза и анксиозност во текот на денот, особено по пиењето кафе, тогаш можеби сте се „предозирале“ до тој степен што вашето тело веќе почнува да го отфрла кофеинот.

4. Лошо расположение

Сте забележале ли дека сте многу избувливи доколку не се напиете кафе наутро? Кофеинот е стимуланс што дава енергија и позитивни чувства, па ако сте „заборавиле“ како да бидете среќни без него, тогаш без сомнение сте развиле зависност.

5. Несоница

Кофеинот го поттикнува адреналинот, па затоа и се чувствувате енергично и будно. Ако го пиете рано наутро, тоа нема да ви го наруши сонот. Но, ако пиете претерано и во текот на целиот ден, вашето спиење ќе страда.

6. Имунитет

Ако пиете едно кафе на ден, особено наутро, вие постојано ќе ги чувствувате неговите придобивки. Но, ако претерувате, ќе станете имуни на ефектите, а можеби дури и негативно ќе ви влијаат така што ќе ве успива наместо да ве расонува.

7. Глад

Претераното консумирање кафе може да доведе до зголемен апетит, бидејќи кофеинот го поттикнува хормонот што се лачи при појава на чувството за глад.

8. Не можете без кафе

Ако и самото размислување да се откажете од кафе ви предизвикува нервоза и благ напад на паника, тоа е знак дека веќе сте развиле зависност.

Знаете дека сте зависници од кафе и кога…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар