Неверојатно добри колажи
Овие фантастични колажи се дело на Дерек Горс кој по потекло е од Њујорк, САД. Тој со помош на стари весници, магазини и други слични изданија, успева да ги состави овие импресивни дела. Покрај ова хоби, тој работи и како комерцијален илустратор и дизајнер повеќе од 15 години, а во својата кариера има соработувано со многу познати имиња. Во листата на негови клиенти досега се наоѓаат пејачите Лени Кравиц и Мадона, познатите групи „U2“, „Van Halen“, „Kings of Leon“, телевизијата „ESPN“, Националната фудбалска лига на САД, компанијата за спортска опрема Адидас, како и производителот на чопери „Harley Davidson“.









Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
