5 клучни техники на шминкање кои треба да ги совладате

5 клучни техники на шминкање кои треба да ги совладате

Изгледа шминката станува сè поважен дел од нашата секојдневна бјути рутина. Во секоја доба од денот, без разлика каква прилика е во прашање и каков стил сакаме, соодветната шминка се подразбира, а гордоста која ја чувствуваме по завршувањето на шминкањето, кога ќе се погледнеме во огледалото и ќе сфатиме дека изгледаме прекрасно е непроценливо. Но, дури и да не сте толку вешти, денес ви претставуваме 5 клучни техники на шминкање кои мора да ги совладате за да добиете совршен изглед.

1. „Вертикална“ мејкап техника

1-5-kluchni-tehniki-na-shminkanje-koi-treba-da-gi-sovladate-www.kafepauza.mk_

Оваа техника на шминкање е одлична за девојките со ситни, тесни или очи со средна големина, бидејќи прави тие да изгледаат пошироко и покрупно. Може да ја користите за дневни и вечерни прилики, само треба да користите различни нијанси и „јачина“ на сенки. На пример, за дневните прилики е сосема во ред да изберете една нијанса, додека за вечерните прилики слободно играјте си со тоновите и нијансите. Само запомнете – најтемната нијанса секогаш се нанесува на надворешниот агол од окото!

2. „Хоризонтална“ мејкап техника

2-5-kluchni-tehniki-na-shminkanje-koi-treba-da-gi-sovladate-www.kafepauza.mk_

Ако имате крупни очи, задолжително шминкајте со оваа техника! Со ваквиот начин на нанесување сенка, вашите очи ќе изгледаат издолжено и во форма на бадем, а за дополнителен ефект слободно употребете и ајлајнер или молив за очи. Ќе изгледате прекрасно!

Преминете на следната страница за останатите техники…

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар