Откако ќе го почитате овој текст, двапати ќе размислите дали повторно ќе ставите гел на ноктите
Знаеме дека гелот за нокти е нешто без кое поголемиот број жени не можат да го замислат своето секојдневие. Со него сте сигурни дека вашите нокти нема да се кршат, ниту да пукаат, нема да се случуваат оние неуредни моменти или оштетувања, накратко кажано секогаш ќе имате совршен маникир. Но, не е сè така идеално!

Гелот за нокти навистина делува убаво на нашите раце, ги чува ноктите, ни ги скратува маките околу лакирањето, го штеди нашето време и сето тоа е убаво, само што во овие ситуации секогаш постои некое „Но“. Она што сериозно може да ги ослаби вашите нокти и да ја оштети кожата на рацете е самиот процес на ставање на гелот, поточно – изложувањето на УВ-зраците.
За да се исуши гелот на вашите нокти, тие треба да се сушат под УВ-светло, а овој процес се повторува околу 3 до 4 пати. Токму и во тоа се крие недостатокот – вие вашите нокти и кожа ги изложувате на штетно зрачење.
Научниците дури и утврдиле дека ризикот за добивање рак на кожата се зголемува доколку често користите УВ-ламби. Затоа докторите советуваат да нанесете крем со заштитен фактор пред да ги изложите вашите нокти и раце на УВ-светлина, но тоа нема потполно да ја заштити вашата кожа.

Друг недостаток на гелот за нокти е тоа што создава еден вид „зависност“ – кога еднаш ќе го ставите, најверојатно потоа нема да престанете да го правите тоа во брзо време, бидејќи по отстранувањето, вашите нокти навистина се во ужасна состојба – тенки, слаби и многу лесно пукаат.
„Не сакам гел на ноктите, бидејќи тој ги прави нежни и слаби, па тие брзо и лесно се кршат. Но, сепак, го штеди моето време, и затоа е одлично решение кога одите на одмор“, истакнува Џин Сун Кои, експерт за маникир.
Таа советува и да ги мачкате ноктите со витамин Е додека имате гел, за донекаде да ја зачувате цврстината на ноктите.
Какво е вашето искуство и дали сте љубител на овој маникир?
