Кратка, но моќна вистинска приказна која ќе повика насмевка на вашето лице

Оваа кратка приказна од непознат автор која полека се шири на социјалните мрежи е прекрасна и има моќ да ве охрабри и мотивира да продолжите понатаму во вашиот живот и да останете позитивни низ тешките времиња кои изгледаат како да се бескрајни. Исто така, целта на дечкото што ја споделил е да ве потсети никогаш да не заборавате дека чудата секојдневно се случуваат!

Кратка, но моќна вистинска приказна која ќе повика насмевка на вашето лице

[message_box title=”” color=”yellow”]

Пред една година мојата девојка беше во сообраќајна несреќа. Докторите ѝ кажаа дека има големи шанси таа никогаш повторно да не може да оди, ниту пак да поврати какво било чувство од половината надолу. Физики и ментално, тоа беше тежок период и за двајцата, а таа секојдневно имаше потреба од сè поголема грижа.

Пред околу 2 месеца таа ми кажа дека жали затоа што не може да ме задоволи и дека слободно можам да се гледам со други жени, но наместо тоа јас ја побарав за жена. Таа ми се насмевна и ми кажа дека не сака да стапи во брак во инвалидска количка, па затоа и ќе се омажи со мене денот кога повторно ќе може да оди. Како одговор, јас ѝ реков дека ќе останам со неа до тој ден.

Пред 3 дена, додека ѝ подготвував појадок, одеднаш чув како вратата од спалната соба се отвора… Погледнав натаму и ја здогледав неа, љубовта на мојот живот, како стои на нејзините нозе, внимателно правејќи го секој следен чекор.

Нашата свадба ќе биде наредниот месец.

[/message_box]