Овој човек ја совладал уметноста на животинското селфи!

Алан Диксон од Ирска, 29, е наречен вистинскиот д-р Дулитл поради неговата способност да „зборува“ со животните и да ги натера да позираат за селфи со него. Резултатите се неверојатни. Изгледа како Алан да е најдобар пријател со секое животно кое го сретнува!

1-ovoj-chovek-ja-sovladal-umetnosta-na-zhivotinskoto-selfi-kafepauza.mk

„Целта е да ги убедите дека се безбедни со вас. Приближете им се најблиску што можете, но многу полека“, вели Диксон.

Тој исто советува да го исклучите блицот и секој звук на камерата и да им се приближите на животните со камерата веќе подготвена во рацете, за да изгледа како да е дел од вашето тело.

„Кога подолго време сте во нивно присуство, ќе дојдат и ќе ве проверат. Тенка е линијата помеѓу љубопитноста и преживувањето“, објаснува Диксон.

Алан досега се фотографирал со преку 30 видови животни, патувајќи низ светот, и неговиот сон е да направи селфи со лав. Иако мисли дека тоа ќе му биде последното селфи кое некогаш ќе го направи…