Чоколаден шејк со кафе и банана

Чоколаден шејк со кафе и банана

Совршена комбинација на состојки за слатко уживање

Чоколаден шејк со кафе и бананаПотребно време за подготовка: 5 минути

Потребни состојки:

  • 60 мл млеко
  • 60 мл кафе
  • ½ банана
  • 20 г сладолед од ванила
  • 20 мл чоколаден сируп/прелив
  • 6 коцки мраз
  • шлаг

Начин на подготовка: Коцките мраз ставете ги во блендер и раскршете ги. Потоа, додадете ги сите состојки и мешајте ги додека не добиете хомогена, пенлива смеса. Шејкот сипете го во висока стаклена чаша и одозгора ставете од шлагот. За декорација употребете чоколадни трошки, цимет или некој прелив.