Неодолив пролетен чизкејк со лимон и шумско овошје

Вкусно пролетно задоволство (без печење)

(1) neodoliv-proleten-chizkejk-so-limon-i-shumsko-ovoshje-www.kafepauza.mk

Потребни состојки:
За тестото:
  • 11 бисквити
  • 50 грама кокос
  • 100 грама путер, стопен
За филот:
  • 300 милилитри шлаг пена
  • 250 грама крем сирење, омекнато
  • 1 лимон, исцеден
  • 3 листови желатин
  • 60 милилитри топла вода
За декорација:
  • Шумско овошје
  • Мед
(2) neodoliv-proleten-chizkejk-so-limon-i-shumsko-ovoshje-www.kafepauza.mk
Начин на подготовка:

Намачкајте ја со масло основата и ѕидовите на тава (22 сантиметри) во која има поставено хартија за печење. За да ја направите основата со бисквитите, измешајте ги во блендер со кокосот, а потоа префрлете ги во среден сад и додадете го стопениот путер. Поставете ја оваа смеса рамномерно во тавата за печење и ставете ја во фрижидер.

За да го направите филот, користете обичен миксер со цел да ја изматите шлаг пената, а потоа префрлете ја во чист сад и ставете ја и неа во фрижидер. Поставете го крем сирењето, шеќерот, сокот од лимон заедно со малку изрендана лимонова кора во сад и матете ги со миксер сè додека не добиете мазна смеса. Во меѓувреме, поставете ги листовите желатин во сад со ладна вода и оставете ги да омекнат, а потоа исцедете ги и ставете ги во 60 милилитри вода. Мешајте сè додека не се разредат. Додајте ја мешавината со желатинот во онаа со крем сирењето и матете 1 минута. Додадете ја и шлаг пената.

За крај, поставете го филот врз тестото во фрижидерот и оставете да стои таму околу 8 часа или цела ноќ. Пред сервирање, тргнете ја тортата од тавата и поставете го шумското овошје врз неа. Додајте и малку мед. Чувајте во фрижидер.

(3) neodoliv-proleten-chizkejk-so-limon-i-shumsko-ovoshje-www.kafepauza.mk (4) neodoliv-proleten-chizkejk-so-limon-i-shumsko-ovoshje-www.kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.