Следете ги овие 3 чекори и ќе ја откриете љубовта на вашиот живот

Следете ги овие 3 чекори и ќе ја откриете љубовта на вашиот живот

Многумина веруваат дека нивната сродна душа е само една личност на оваа планета која во секој поглед е совршена за нив и на која со сигурност, во одреден момент од животот, ќе налетаат. Но, тоа е далеку од вистината. За да ја откриете љубовта на вашиот живот вие мора да бидете отворени, искрени и подготвени да се предадете себе на некој друг. Вие мора да сте храбри за да бидете ранливи пред личност која ќе ве познава во секое светло. За да го постигнете тоа, следете ги овие 3 чекори…

Следете ги овие 3 чекори и ќе ја откриете љубовта на вашиот живот

Прв чекор

Најголемата тајна за привлекување на вашиот совршен љубовник или сродна душа е целосно да се прифатите самите себеси. Доколку се сакате, со сите свои маани, слабости и несигурности, вие без сомнение ќе се претворите во магнет за љубов. Како би можел да очекувате да ве сака некој друг, ако ни вие не се сакате себе? Кога се чувствувате убаво во вашата кожа, вие многу полесно ќе ја отворите вратата кон интимноста со друга личност. Не е важно дали ќе станува збор за романтична љубовна врска или за бил кој друг вид поврзување.

Втор чекор

Следната тајна е вежбањето да одржувате контакт со очи. Кога сте доволно храбри да ја спуштите вашата заштита и да си дозволите да останете во подолг контакт со очи со друга личност, овозможувајќи им да ја погледнат вашата душа преку нив, тоа значи дека вие сте си дозволиле повторно да бидете отворени и ранливи. Потребно е да најдете начин како да го соблечете вашиот оклоп и да соберете храброст да ѝ верувате на новата личност во вашиот живот дека ќе се грижи за вас. Долгото и длабоко набљудување на „душата“ на друго човечко суштество е едно од најмоќните и најхрабрите дела кои еден човек може да ги направи за себе.

Трет чекор

Уште еден начин на кој можете да ги подобрите вашите „љубовни вибрации“ е доколку стапите во контакт со вашиот внатрешен духовен борец. Некаде длабоко во вас постои нескротлив и незаситен слободен дух кој само вие можете да го откриете. Доколку сакате да го најдете овој ваш дел, почнете постепено да истражувате во себе. Кога ќе се отворите и ќе го поделите она што не може да биде поделено со некој, тогаш сите ваши стари штитови од минатото ќе паднат и вие ќе се покажете себеси во вистинското светло.

Дополнителен совет: Како да го напуштете целиот ваш страв?

Доколку сакате да живеете добар живот, мора да научите како слободно да љубите и целосно да го напуштите вашиот страв. Замислете како би било да се сака некој доколку тој никогаш не би можел да повреди. Токму тоа е вистинска љубов која може да привлече многу сродни души за време на вашето патување низ животот.

На почетокот може да биде малку тешко да ги промените сите ваши однесувања, заштити, криења и избегнувања со цел да постигнете повисоко ниво интимност со друга личност, но доколку сте искрени со себе и постојано сте насочени кон она што се случува во вас, тогаш нема да ви биде потребно многу време да го постигнете тоа.

Не се плашете да преземате одговорност за тоа што го наоѓате во себе и дозволете си повеќе време за анализа на сите оние ѕидови кои сте си ги изградиле со страв. Кога ќе воочите од каде доаѓа изворот на вашиот страв, тогаш истиот ќе можете и да го надминете. Работите стануваат многу едноставни кога ќе сфатите што е тоа што ве спречува да живеете во целост и да љубите со целото ваше срце.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар