Како да ги отстраните деформираните израстоци на стапалата?

Hallux valgus е најчестата коскена деформација во пределот на стапалата. Од неа страдаат сите народи и раси, а за најчести причинители се сметаат тесните обувки и високите потпетици. На нивното формирање може да влијаат и грипот, ангината, лошиот метаболизам, деформитетите на кичмата, лошата исхрана, гихтот и ревматските инфекции. Сепак, најмногу настануваат од неудобни чевли и затоа не е чудно што се јавуваат кај над 80% од жените и тоа во четвртата декада од животот. Фактор е и наследната компонента.

kako-da-gi-otstranite-deformiranite-izrastoci-na-stapalata-kafepauza.mk

Овој деформитет се манифестира со болка и воспалине кое се јавува како резултат на иритацијата од тесните чевли, а во понапредни случаи доаѓа и до деформација на останатите прсти.

Hallux valgus е прогресивна деформација која подразбира искривување на палецот на стапалото настрана или латерална девијација, поместување на првата метатарзална коска кон внатре и создавање на болни испакнатини на внатрешноста на стапалото на ниво на првиот метакарпофалангеален зглоб.

Овие испакнатини се вистински кошмар. Не само што е тешко да се најде соодветен пар обувки, туку и пречат, притискаат, жуљаат и болат, а пред сè даваат естетски неубав изглед на стапалото.

Можат да се отстранат со операција, но тоа е само привремено решение. Добрата вест е дека традиционалната медицина има ефикасни средства за решавање на овој проблем.

За почеток добро исчистете го организмот од наслаги на сол.

Чистење на организмот од сол

Навечер, 1 лажица сув ловоров лист прелијте со 300 мл вода и варете 5 минути (во емајлирано тенџере).

Потоа пресипете ја течноста во термос и оставете ја до наредното утро.

Утрото процедете ја течноста и пијте ја во текот на денот во мали голтки (не пијте ја целата одеднаш!)

Постапката повторувајте ја 3 дена постојано, подготвувајќи ја новата доза секоја вечер.

По 7 дена пауза, повторно пијте 3 дена. Третманот повторете го после 6 месеци.

Немојте да се изненадите ако имате честа потреба за мокрење, тоа е знак дека солта во организмот почнала да се чисти, а тоа по малку ќе го иритира мочниот меур. Резултатот ќе го почувствувате после 10 дена. Ќе ви се појави чувство на олеснување во целото тело и ќе ви поминат болките во зглобовите.

Овој рецепт е ефикасен и за разбивање на камења во жолчката и нивно претворање во песок.

Лековита смеса против коскени деформации на стапалата

Овој начин на лекување трае околу 2 месеци и деформациите на нозете потоа ќе исчезнат во целост.

Земете 5 големи суви ловорови листови, иситнете ги и врз нив налијте 100 мл 96% алкохол.

Оставете да отстои една недела, а потоа процедете.

Добиената смеса премачкувајте ја на издадените места, но пред тоа треба да ги затоплите нозете во топла вода (3 л вода и 1 лажица сода бикарбона).

Потоа избришете ги нозете, премачкајте ги и облечете кратки памучни чорапи и лежете.

Елиминирање на болките

Јод со аспирин

Одлично средство за ослободување од болните деформитети, зглобовите и други израстоци е комбинацијата од јод и аспирин.

Иситнете 5 таблети аспирин или андол (од 200 мг) и ставете 10 мл јод.

Промешајте додека аспиринот не се раствори во јодот и не постане безбоен.

Со овој премаз мачкајте ги болните места секоја вечер. Потоа задолжително затоплувајте ги во текот на ноќта. Многу брзо ќе забележите позитивен ефект.

Сапун и јод

Обичниот сапун ги ублажува болките и воспаленијата на деформираните коски на стапалата.

Изрендајте сапун, нанесете на болното место и добро измасирајте. Измијте ги нозете, исушете ги и направете мрежа од јод: натопете стапче за уши во јод па преку израстоците нацртјате мрежа од јод. Тоа е мрежа од вертикални и хоризонтални линии, со квадратчиња на раздалеченост од околу 1 см. Вака намачканиот јод најдобро се апсорбира. Треба да дозволите јодот да се исуши на кожата, па тек потоа да облечете чорапи.

Лекувањето трае 30 дена.

Лимон и јод

Израстоците можете да ги мачкате со смеса од лимонов сок и јод во исти количини, што исто така е ефикасно и за „петниот трн“.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.