Крвава оранжада
Направете ја оваа неверојатно ароматична, цитрусна освежителна оранжада. Освен што ќе ве освежи, нејзината боја дефинитивно ќе ве инспирира.
Потребно е:
- 3/4 шолја минерална вода
- 3/4 шолја свежо цеден сок од црвен грејпфрут
- 1/4 шолја свежо цеден сок од портокал
- 3/4 шолја мраз
Подготовка: Исцедете ги портокалите и грејпфрутот. 
Измешајте ги соковите. Земете висока стаклена чаша и наполнете ја до половина со цедениот сок.
Дополнете ја чашата со минерална вода. Ставете неколку коцки мраз.
Ставете цевка и декорирајте со неколку кришки грејпфрут.

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
