Мариа Шарапова е заштитно лице на новиот парфем Avon Luck

Светски познатата тенисерка Мариа Шарапова се приклучи кон семејството мириси на AVON, станувајќи заштитно лице на најновиот парфем на оваа компанија – парфемот Avon Luck.

1-maria-sharapova-e-zashtitno-lice-na-noviot-parfem-avon-luck-kafepauza.mk

Парфемот Avon Luck ја прославува добрата среќа во животот, неверојатните случувања и бесконечните можности. Како реномирана спортистка, успешна бизнис жена и хуманитарка, Шарапова совршено го доловува духот на среќата, заробен во само едно шишенце парфем.

„Возбудена сум што го претставувам токму Avon Luck, парфем кој нè потсетува дека треба да го вкусиме и вистински да уживаме во триумфот“, вели Мариа Шарапова. „Секогаш велам дека што понапорно работиме, тоа сме и посреќни, бидејќи на тој начин и се стремиме кон поголеми цели. Одушевена сум што имам можност да соработувам со компанија како Avon, која ги поттикнува жените ширум светот да ги остварат своите соништа“, додава таа.

2-maria-sharapova-e-zashtitno-lice-na-noviot-parfem-avon-luck-kafepauza.mk 3-maria-sharapova-e-zashtitno-lice-na-noviot-parfem-avon-luck-kafepauza.mk

„Кога го креиравме Avon Luck, сакавме преку мирисот да ја заробиме опојната харизма на некој којшто самиот си го креира патот на среќата во животот“, објаснува Партиша Перес-Ајала, Директор на Маркетинг во AVON. „Како една од топ рангираните тенисерки во светски рамки и жена со софистицирана природна убавина, Мариа Шарапова совршено ја карактеризира таа животна енергија и безграничните можности. Таа е идеалното лице за мирис кој зрачи со среќа и доловува чувство како да си на врвот на светот“, потенцира Перес-Ајала.

4-maria-sharapova-e-zashtitno-lice-na-noviot-parfem-avon-luck-kafepauza.mk

Мирисот е од ориентална овошно-цветна категорија и содржи интензивна женствена и провокативна композиција од блескав бергамот и живи, свежи и елегантни ноти од цитрон обвиени со ретката луксузна кремста ванилина арома од реткиот цвет „Кралица на ноќта“. Основата пак е од длабоко заводливи кадифени ноти од сандалово дрво кои доловуваат исклучително енергично и возбудливо чувство.

5-maria-sharapova-e-zashtitno-lice-na-noviot-parfem-avon-luck-kafepauza.mk

Парфемот Avon Luck за Неа е на продажба во брошурите на AVON од крајот на септември, а достапна е и машка верзија – Avon Luck за Него од шумско ароматична килибар категорија.

6-maria-sharapova-e-zashtitno-lice-na-noviot-parfem-avon-luck-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.