Вкусот на путер од кикирики за многумина е неодолив. Тој е одлична состојка за разни колачи, а ова е една брза и вкусна варијанта на колач во која овој вид путер е водечка состојка.
Потребни состојки:
230 г растопен путер
260 г мелени бисквити
380 г шеќер
225 г путер од кикирики
1 ½ чоколади
Начин на подготовка:
Во чинија измешајте ги растопениот путер, мелените бисквити, шеќерот и 180 грама путер од кикирики додека сè не се соедини. Излијте ја смесата во тавче.
На пареа или во микробранова стопете го чоколадото и соединете го со остатокот од путерот од кикирики, па прелијте ја претходно подготвената смеса.
Пред да го исечете колачот на парчиња, ставете го во фрижидер да поседи околу 1 час.