Морате да ги пробате: Полнети солени крофнички

Се топат во уста

morate-da-gi-probate-polneti-soleni-krofnichki-kafepauza.mk

Време на подготовка: 90 минути
Потребни состојки:
  • 1 коцка квасец
  • 400 г брашно
  • Сол по вкус
  • 1 лажица шеќер
  • 100 мл млеко
  • 2 жолчки
  • 200 мл + 2 лажици павлака
  • 70 г маргарин
  • 150 г шунка или кашкавал
  • Масло по потреба
Начин на подготовка:

Квасецот потопете го со млако млеко и оставете го да нарасне. Во сад за мешање соединете ги брашното, шеќерот и солта. Маргаринот изматете го со жолчките и 200 мл павлака, а потоа додадете го брашното како и нараснатиот квасец и замесете тесто. Оставете да нарасне.

За филот:

Шунката или кашкавалот исечкајте ја на коцкички. Нараснатото тесто развлечете го со сукало. Со кружна модла направете кругови, но не вадете ги. На секој круг ставете малку шунка и павлака, па преклопете ги со околниот дел од тестото. Вадете ги крофните со модлата и пржете ги.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.