Банана сплит со рум

Банана сплит со рум

Вкусен и не многу калоричен десерт

Банана сплит со рум

Потребни состојки (за 4 порции):
  • 2 банани
  • ½ лажица путер
  • 1 лажица кафеав шеќер
  • 2 лажици рум
  • 4 големи топчиња сладолед од ванила
  • 4 лажици сируп од темно чоколадо
  • слатка павлака
  • малку јаткасти плодови за декорација
Начин на подготовка:

Загрејте го путерот во тава на оган. Бананите пресечете ги на половина, а потоа надолж. Додајте ги во тавата заедно со кафеавиот шеќер и оставете ги 2 минути да карамелизираат. Потоа тавата тргнете ја од оган и додајте го румот.

Ставете по едно парче од бананите во садови за послужување, прелијте од течноста која останала во тавата и додадете од сладоледот од ванила. На крај украсете со слатка павлака, сируп од темно чоколадо и јаткасти плодови.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.