Одличен изум за брзо пакување и уште побрзо распакување

Одличен изум за брзо пакување и уште побрзо распакување

Хенри Вонг и Крис Куро се двајца студенти кои дошле до една брилијанта идеја благодарение на која процесот на пакување и распакување од картонски кутии драстично ќе се олесни.

Одличен изум за брзо пакување и уште побрзо распакувањеОдличен изум за брзо пакување и уште побрзо распакување

Нивниот изум претставува парче картон кој лесно се склопува, се расклопува за секунда и може да се рециклира, односно повторно да се користи за други намени. Кутиите се згодни и за чување, бидејќи можат да се складираат во расклопена варијанта како не би зафаќале многу простор. Згора на сè, ова е и еко-проект, бидејќи за изработката на нивните кутии, се употребува за 15-20% помалку материјал што значи трошење на помалку дрво за нивното производство. Нели е генијално?




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.