Ќе добијам ли бакнеж ако заврне снег?

Ќе добијам ли бакнеж ако заврне снег?

Оние кои живеат или биле во Аризона во САД, знаат дека појавата на снег тука е многу ретка. Но, тоа не го спречи Јутјуб-шегаџијата Стјуарт Еџ и неговите пријатели да го посетат државниот универзитет во Аризона и да ги предизвикаат случајните минувачи да ги бакнат, доколку падне снег.

Со цел да ја донесат божиќната магија во државата, овие мајтапчии со помош на вештачки снег и бела имела, се обидуваат да ги натераат луѓето да ги бакнат в уста. Погледнете ги во видеото нивните интересни реакции и симпатични насмевки од срце.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.