Roxy & Rocco – два стари велосипеди кои добија втора шанса

Roxy & Rocco – два стари велосипеди кои добија втора шанса

Dragon Custom“ е македонска компанија за „кастм“ велосипедизам којашто реставрира велосипеди и се бори за идејата да се извадат старите велосипеди од гаражите и подрумите, за да им се даде нова шанса. „Кастм“ велосипедизмот е начин на живот, можност за персонализација и оставање впечаток. „Велосипедот по мерка“, освен што нуди можност за прилагодување на рамот по мерка на велосипедистот, нуди и можност за негова персонализација, во смисла на тематски одбрана надградба или негово разубавување.

Roxy & Rocco – два стари велосипеди кои добија втора шансаНеодамна компанијата организирала интересна фотосесија во твид стил. Реставрираните велосипеди се Roxy & Rocco, кои се вратени во живот. Околу фотографирањето им помогнале Anton Lazareski и People of Skopje.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.