Крцкави печени компири со фета

Крцкави печени компири со фета

Крцкав компир како прилог за вашиот ручек…Крцкави печени компири со фета Потребни состојки:

  • 5 компири
  • 90 мл маслиново масло
  • 1 лажичка лук во прав
  • 1 лажичка оригано
  • сол и бибер по вкус
  • 200 г фета сирење

Начин на подготовка:

1. Рерната загрејте ја на 200 степени.

2. Излупете ги компирите и исечете ги како помфрит.

3. Ставете ги во еден сад и додадете ги зачините и маслото. Убаво измешајте.

4. На тава ставете хартија за печење и распоредете ги компирите.

5. Печете 25 минути, потоа извадете ги од рерната и превртете ги. Потоа вратете ја тавата за компирите да се печат уште 10 минути.

6. Откако компирите ќе се испечат ставете ги во чинија за сервирање и одозгора издробете ја фетата.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.