Крцкави зачинети јаткасти плодови
Комбинација за мерак: ладно пивце и вкусни крцкави јаткасти плодови

Потребни состојки:
- 60 г светло кафеав шеќер
- 1 лажица бел шеќер
- 1 лажица сол
- 1 лажичка ким
- 1 лажичка црвен пипер
- 1½ лажичка бибер
- 1 лажица рендана кора од портокал или лимон
- 1 лажица сок од портокал или лимон
- 1 белка од јајце
- 300 грама непечени јаткасти плодови по избор
- 1 лажица убаво исечкани ливчиња од рузмарин
Начин на подготовка:
Рерната загрејте ја на 150 степени Целзиусови.
Во помал сад, помешајте ги шеќерот, солта, зачините и кората од портокал.
Во поголем сад, изматете ја белката со жица додека не стане пенеста, околу една минута. Потоа додадете ги сувите состојки и сокот од портокал и измешајте ги заедно.
Потоа додадете ги јаткастите плодови и убаво измешајте ги во смесата. Земете една тава и покријте ја со хартија за печење. Одозгора сипете ги јаткастите плодови. Печете 15 минути, а потоа со лажица измешајте ги и одлепете ги оние јаткасти плодови што се залепиле. Намалете ја температурата на 120 степени Целзиусови и печете уште 10-15 минути додека јаткастите плодови не добијат златна боја.
Потоа извадете го тавчето од рерна извадете ги и одвојте ги оние што се споиле меѓу себе и ставате ги во чинија за послужување. Декорирајте со ливчињата рузмарин, а послужете ги со ладно пиво во замрзната кригла.

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
