Масичка и кафез за птици споени во елегантен дизајн

Масичка и кафез за птици споени во елегантен дизајн

Парижанецот Грегоар де Лафоре е креатор на ова иновативно дизајнерско решение наречено „Cage Archibird“. Иако делува како многу невообичаена комбинација, мора да признаеме дека идејата е креативна, а решението многу елегантно изведено.Масичка и кафез за птици споени во елегантен дизајнКафезот е интегриран во самата маса која е изработена од дабово дрво, додека отворите низ неа продолжуваат во стаклени куполи кои даваат чувство како да ги набљудувате птиците во музеј. Гранките се челични и им овозможуваат на птиците да скокаат низ целиот кафез, над и под нивото на површината на масата.Масичка и кафез за птици споени во елегантен дизајнМасата има двојна функција – погодна е на неа да го испиете вашето кафе, додека истовремено можете да уживате во птичјите потскокнувања.

Внатрешниот дизајнер објаснува: „Идејата беше да создадам кафез кој ќе ги скрши конвенционалните правила, птицата е поставена како во театар. Чистите материјали даваат одлична перспектива на природата“.

Масичка и кафез за птици споени во елегантен дизајн Масичка и кафез за птици споени во елегантен дизајн Масичка и кафез за птици споени во елегантен дизајн



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.