100% чоколадно кафуле

100% чоколадно кафуле

Иако внатрешноста на ова кафуле е во кафеави тонови, називот не го добило според нив, туку поради своето специфично мени кое содржи исклучиво десерти и пијалаци во кои доминира чоколадото. Отворено е во Токио во 2004 година од познатиот јапонски слаткар Меиџи Сеика. Тој сакал да понуди нешто повеќе од обичните продавници за чоколадо, па го создал софистицираното мени на 100% чоколадното кафуле.100% чоколадно кафулеНа средината на ова „слатко“ место се наоѓа кујната, а посетителите можат да застанат од страна и да следат како се приготвува чоколадото. Откако тоа ќе им создаде желба да вкусат нешто, можат да седнат на некоја од мермерните маси и да уживаат во својот омилен вкус. Ако немаат време да чекаат, покрај ѕидовите на кафулето се наредени веќе спакувани чоколадни производи спремни за носење.100% чоколадно кафуле 100% чоколадно кафуле 100% чоколадно кафуле 100% чоколадно кафуле 100% чоколадно кафуле 100% чоколадно кафуле 100% чоколадно кафуле 100% чоколадно кафуле 100% чоколадно кафуле 100% чоколадно кафуле 100% чоколадно кафуле


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.