5 предлози за подмладување и разубавување

5 предлози за подмладување и разубавување

Едно неодамнешно истражување покажало дека жените, без оглед на тоа што живееме во 21 век, многу малку време посветуваат на нега на своето лице и тело. Главна причина за ова се наведува недостатокот на време, кое поради брзиот и динамичен начин на живеење сè помалку го имаме.

5 предлози за подмладување и разубавување

Работа, домашни куќни обврски, маж, деца, секојдневни проблеми и уште многу други работи, се само дел од работите со кои секојдневно се заморува една жена. Затоа време е да кажете стоп и да направите нешто убаво за себе. Ова се 5 совети со кои можете на најбрз и наједноставен начин да се подмладите и разубавите.

Нова фризура

Научно е докажано дека жените се чувствуваат многу посигурно и посамоуверено кога им е средена фризурата. Оваа промена, визуелно има најголем ефект, па секоја жена знае мудро да ја искористи. Во просек, секоја жена годишно променува четири фризури, додека кај мажите се случува и по четири години да имаат само еден стил.

Третман и масажа за лице

Во зависност од типот на кожа и ефектот кој сакате да го постигнете, одлучете се за еден од богатата понуда на третмани за лице. Веднаш ќе ја воочите разликата.

5 предлози за подмладување и разубавување

Патување

За смирувачко и позитивно дејство, се знае дека патувањето е најдобрата терапија. Кога станува збор за полнење на батериите, ослободување од стресот и целосно препородување, едно патување може да има фантастичен ефект. Тоа исто така се одразува и на вашиот физички изглед.

Доколку не сте во можност да појдете на некое егзотично патување, не загрижувајте се, бидејќи и неколкудневна посета на некое планинско место или релакс центар ќе заврши работа.

Маникир и педикир

Рацете многу говорат за вас. Покрај тоа што е многу важно да ги негувате рацете, за да бидат меки и нежни, многу е важно и да водите хигиена за ноктите. Поголемиот дел од машките обожаваат нивните партнерки да имаат француски маникир, бидејќи според нив изгледа најженствено и најуредно.

Ништо помалку важни не се ни ноктите на стапалата, кои со доаѓањето на летната сезона и носењето папучи и сандали, секогаш избиваат во преден план.

5 предлози за подмладување и разубавување

Квалитетен сон

Покрај тоа што негативно влијае на расположението и на умствените способности, неквалитетното спиење влијае и на дебелеењето. Најновите истражувања покажуваат дека лишувањето од спиење и дебелеењето имаат голема поврзаност.

Токму затоа, доколку имате навика да спиете кратко и нередовно, променете го тоа навреме. Многу брзо ќе забележите дека поудобно се чувствувате во својата кожа.

5 предлози за подмладување и разубавување

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.