Чоколадно ледено кафе со многу сладолед

Чоколадно ледено кафе со многу сладолед

Ледено кафе кое ќе ви ја разблажи душата на ова жешко време…Чоколадно ледено кафе со многу сладоледПотребни состојки:

  • 45 мл ладно еспресо
  • 50 мл ладно млеко
  • 20 мл чоколаден сируп
  • 3 топки чоколаден сладолед
  • 4 коцки мраз
  • шлаг пена

Начин на подготовка:

Еспресото, млекото, сладоледот, мразот и чоколадниот сируп ставете ги во блендер и измешајте ги убаво додека не добиете хомогена густа смеса. Смесата сипете ја во широка стаклена чаша и декорирајте со шлаг и додатоци по избор.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.