7 природни лекови против пролетните алергии

7 природни лекови против пролетните алергии

Пролетта е преубаво годишно време, но со себе носи и голем број алергии. Најчести симптоми кои ги предизвикуваат сезонските алергии се кивавица, солзење на очите, како и воспалено и суво грло. Меѓутоа постојат голем број природни лекови кои можат да ни го олеснат живеењето и уживањето во пролетта. Ова се мал дел од нив.

7 природни лекови против пролетните алергии

Камилица

Антивоспалителните својства на камилицата помагаат за смирување на сувите очи кои често знаат и да чешаат и да предизвикуваат иритации. Земете две оладени вреќички од чај од камилица и држете ги на очите 3-5 минути. Повторувајте ја оваа постапка неколку пати дневно.

Коприва

Копривата делува како антихистамин кој помага да се смират симптомите на алергија како што се кивање и чешање на очите. Кога ќе ги забележите овие симптоми, купете таблети од коприва или пијте чај.

Нане

Нането е одличен лек за дишните патишта. Вашето дишење може да се подобри доколку се инхалирате со чај од свежо или сушено нане.

7 природни лекови против пролетните алергии

Мајчина душица

Чајот од мајчина душица помага при лечење на кашлицата, гушење предизвикано од алергија, а има и смирувачко дејство врз воспаленото грло. Ако не сте во можност да најдете свежа, побарајте чај во секоја билна аптека.

Мед

Медот е одличен лек кој го ублажува кашлањето и воспалението во грлото. Едно лажиче мед и шолја чај можат многу да ви помогнат.

7 природни лекови против пролетните алергии

Ѓумбир

Ѓумбирот ја ублажува иритацијата на воспаленото грло, а е многу моќен во комбинација со мед. Направете чај од свеж ѓумбир, така што во врела вода ќе ставите 5 грама свеж изрендан ѓумбир и ќе го доварите чајот уште 10 минути. Потоа процедете го и ставете една лажичка мед. За ублажување на симптомите од алергијата можете да користите и ѓумбир во прав.

Лута пиперка

Лутата пиперка е богат извор на биофлавоноиди кои го спречуваат ослободувањето на хистаминот, кверцетинот и други хемикалии кои предизвикуваат воспаление и алергиски симптоми.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.