Како да го отстраните лакот за нокти без ацетон?
Претераното користење ацетон може да предизвика главоболки, иритација на очите, задушување и мачнина. Токму затоа следат неколку трикови за отстранување на лакот од ноктите, без помош на ацетон.

Чаша топла вода
Наполнете една чаша со топла вода и во неа ставете ги ноктите. Почекајте 15 минути и потоа со сува крпа тријте ги ноктите, додека лакот не падне целосно.
Нанесете нов слој на лак
Врз лакот нанесете нов слој на лак. Тој ќе го омекне стариот слој на лак, па затоа земете едно памукче и убаво исчистете ги ноктите без никакви компликации.
Дезодоранс или лак за коса
Земете едно памукче и на него испрскајте деодоранс или лак за коса и убаво исчистете ги ноктите. Потоа со лосион за тело, измасирајте ги ноктите.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
