Математичка формула за совршено накитена елка

Студенти од универзитетот во Шефилд создале формула за совршено украсување елка. Според формулата идеалната елка е висока 170 сантиметри, а на неа треба да се постават 35 лампиони.

Математичка формула за совршено накитена елка

Тие тврдат дека при китењето елка не е потребен само вкус, па токму затоа и ја создале оваа формула. Но не грижете се, вие немате потреба рачно да собирате, одземате и да вадите корен, бидејќи тие поставиле калкулатор на веб-сајтот на универзитетот, кој ќе го стори тоа за вас.

Како на пример, за една елка од 170 сантиметри потребни ви се 35 лампиони, 5,34 метри сијалички и 8,68 метри украсна трака. Исто така, калкулаторот советува врвот на елката да биде 17 сантиметри. Автори на формулата се дваесетгодишните Никол Врајтам и Алекс Крег, а за да ја создадат потребни им биле 2 часа.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар