До некои подобри времиња...

До некои подобри времиња…

Автор: Високо Ц

Почитувани мои,

денес ви пишувам веројатно за последен пат. Моите букви во етерот ќе направат пауза тука, иако сакаа да стигнат до Плутон. Ги попречува судир на галаксии, ги попречуваат метеори и црни дупки. И знам дека ви зборував дека никогаш не треба да се откажувате и храбро да одите каде никој не отишол, некогаш наидувате на непробоен ѕид. Треба да знаете кога да престанете.До некои подобри времиња...Од моментот кога ќе се родиме, до денот кога треба да го напуштиме овој свет, се сретнуваме и се запознаваме со стотици, илјадници луѓе, карактери, желби. Нашите животи се испреплетуваат, се судираат, се разидуваат. Оставаме трага едни на други, оставаме печати, се менуваме, ги менуваме другите.

Постои причина за сѐ. Понекогаш разумот не може да најде одговор, понекогаш одговорот сам ни кажува сѐ, но чувствата секогаш ја знаат вистината за крајот.

Некој ќе остане дел од вас, некој засекогаш ќе ве напушти, некој нема да сака да биде дел од вашиот живот. Секој го следи она што сопственото срце и разум му го говорат. И вие не можете ништо да направите во врска со тоа. Во вакви моменти, ви останува само да се повлечете.

Понекогаш изборот на негативното е единствениот избор кој може да ви помогне да се вратите на позитивниот пат на вашиот живот.

Ако нешто научив за сите овие години, тоа е дека ништо не е вечно. Сѐ е менливо. Ништо не е совршено. Сѐ си има свој почеток и свој крај.

Отвораме една врата, но мораме да затвориме друга.

Мојот совет до вас:

  • Бидете свои.
  • Бидете упорни.
  • Бидете среќни.

Немојте да дозволите некој друг да ја пишува вашата приказна. Создадете сопствена.

Вирџинија Вулф кажала:
.

„Само наредете ги парчињата кои ќе дојдат во вашиот живот.“

Животот е голема сложувалка составена од парчиња со различна големина, боја и значење.

Ви благодарам што ми дозволивте да бидам едно мало парче од мозаикот на вашиот живот.

Знам дека вие сте дел од мојот.

До некои подобри времиња..

Со љубов,

Високо Ц

До некои подобри времиња…

Почитувани мои,

денес ви пишувам веројатно за последен пат. Моите букви во етерот ќе направат пауза тука, иако сакаа да стигнат до Плутон. Ги попречува судир на галаксии, ги попречуваат метеори и црни дупки. И знам дека ви зборував дека никогаш не треба да се откажувате и храбро да одите каде никој не отишол, некогаш наидувате на непробоен ѕид. Треба да знаете кога да престанете.

Од моментот кога ќе се родиме, до денот кога треба да го напуштиме овој свет, се сретнуваме и се запознаваме со стотици, илјадници луѓе, карактери, желби. Нашите животи се испреплетуваат, се судираат, се разидуваат. Оставаме трага едни на други, оставаме печати, се менуваме, ги менуваме другите.

Постои причина за сѐ. Понекогаш разумот не може да најде одговор, понекогаш одговорот сам ни кажува сѐ, но чувствата секогаш ја знаат вистината за крајот.

Некој ќе остане дел од вас, некој засекогаш ќе ве напушти, некој нема да сака да биде дел од вашиот живот. Секој го следи она што сопственото срце и разум му го говорат. И вие не можете ништо да направите во врска со тоа. Во вакви моменти, ви останува само да се повлечете.

Понекогаш изборот на негативното е единствениот избор кој може да ви помогне да се вратите на позитивниот пат на вашиот живот.

Ако нешто научив за сите овие години, тоа е дека ништо не е вечно. Сѐ е менливо. Ништо не е совршено. Сѐ си има свој почеток и свој крај.

Отвораме една врата, но мораме да затвориме друга.

Мојот совет до вас:

Бидете свои.

Бидете упорни.

Бидете среќни.

Немојте да дозволите некој друг да ја пишува вашата приказна. Создадете сопствена.

Вирџинија Вулф кажала: „Само наредете ги парчињата кои ќе дојдат во вашиот живот“.

Животот е голема сложувалка составена од парчиња со различна големина, боја и значење.

Ви благодарам што ми дозволивте да бидам едно мало парче од мозаикот на вашиот живот.

Знам дека вие сте дел од мојот.

До некои подобри времиња,

Со љубов