Усните никогаш не лажат

Кога станува збор за чувства и емоции, усните можат да бидат од голема важност при откривање на скриени сигнали. Тие можат многу лесно да ви укажат кога некоја личност е под стрес, а понекогаш дури и да ви помогнат да препознаете измама.

Усните никогаш не лажат

Усните „издаваат“ многу информации кои честопати се игнорирани или незабележани. Богати со нерви и високо васкуларни, тие реагираат во вистинско време на светот околу нас. Поради тоа кога некој ќе слушне лоши вести или кога ќе биде сведок на ужасен настан, нивните усни почнуваат да исчезнуваат, станувајќи толку тенки што едвај се забележуваат. Под екстремен стрес тие можат и целосно да исчезнат или цврсто да се потиснат една на друга.

Во врските, двојките веднаш забележуваат кога нивниот партнер има некаков проблем токму поради ова движење на усните. Дури и бакнежите ќе изгледаат поразлично под стрес додека е ограничен протокот на крвта кој влијае на нивната големина, топлина и еластичност. Нашите усни реагираат на реалноста на моментот и комуницираат соодветно со нашите чувства и размислувања.

Бидејќи исчезнувањето или стиснувањето на усните се универзални однесувања, контролирани од лимбичкиот систем, можете слободно да се потпрете на нив и да ги сметате за автентични. Вие никогаш не можете да знаете како вашите усни изгледаат или како другите ги чувствуваат, но оние околу вас веднаш ќе ги забележат и најмалите промени.

Гризењето на усните е еден од начините преку кој се издаваме себеси дека сме под стрес. На тој начин ја ослободуваме внатрешната тензија која е мала и пролазна. Но, кога нешто поголемо ни пречи, нашиот лимбички систем, согласно со настаните ќе ги натера усните целосно да го сменат својот облик.

И покрај тоа што ова однесување само по себе може да значи многу работи, познавањето на говорот на телото може многу да ви помогне при сфаќањето за каков проблем точно станува збор. Но, едно е сигурно – ова однесување е секогаш индикатор на стрес и тензија. Поради тоа, следен пат кога сте на состанок, со колега или со вашиот партнер и разговарате за нешто посериозно, обрнете повеќе внимание на усните. Тие можат да ви кажат многу повеќе од зборовите на вашиот соговорник.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар