Парфеми инспирирани од модните икони

Во денешно време има многу парфеми со потпис на славните личности, но ако барате класика, пробајте ги безвремените парфеми инспирирани од легендарните модни икони.

Одри Хепберн

Парфемот кој модната компанија на Живанши го создаде специјално за Одри Хепберн беше наречен „Забрането“ затоа што, според гласините, актерката не сакала овој парфем да биде споделен со други жени. Сепак, во 1960 година, парфемот беше претставен пред јавноста. Во рекламната кампања се појави дури и самата актерка.

Парфемот е наменет за: жени кои ги привлекуваат мажите со нивната скромност и срамежливост.

Парфеми инспирирани од модните икони

Грета Гарбо

Триото парфеми „Мит“, „Сфинга“ и „Божица“ ја сочинуваат колекцијата Grès, инспирирана од Грета Гарбо. Дизајнерот Аликс Бартон ја креираше не само оваа колекција парфеми, туку и облеката на мистериозната шведска актерка. Колекцијата парфеми беше претставена во 2009 година.

Парфемот е наменет за: носталгични жени кои поседуваат талент за актерство.

Парфеми инспирирани од модните икони

Принцезата Дајана

Инспириран од принцезата Дајана, парфемот е создаден од Вилијам Овен III, чие семејство прави мириси за кралското семејство повеќе од еден век. Овој парфем е именуван според истоимената египетска божица Изида и претставува комбинација од бела роза и темјанушка.

Парфемот е наменет за: невообичаено весели жени со аристократско однесување.

Парфеми инспирирани од модните икони

Кетрин Хепберн

Парфемот инспириран од Кетрин Хепберн, Vol de Nuit Perfume, бил претставен во 1933 година, како насловна страна на романот „Ноќен лет“ од Антоан де Сент – Егзипери. Овој парфем бил претставуван од Ава Гарднер и Џин Харлоу, но најголема популарност му донела сцената во филмот на Мартин Скорсезе, „Авијатичарот“, во кој една од главните улоги е онаа на Кетрин Хепберн.

Парфемот е наменет за: жени кои копнеат по слободата.

Парфеми инспирирани од модните икони

Коко Шанел

Креиран од самата Коко Шанел, парфемот „Шанел број 5“ е создаден за модерните и независни жени. Овој парфем бил претставен во 1920 година и претставува мешавина од неколку различни есенции. Се претпоставува дека на Коко Шанел ѝ биле понудени 25 парфеми од кои таа го избрала парфемот број 5, па така настанало неговото име „Шанел број 5“.

Парфемот е наменет за: зрели и независни жени кои не се плашат да ја покажат својата внатрешна сила.

Парфеми инспирирани од модните икони

Грејс Кели

Колекцијата парфеми „Флора“ била создадена од Родолфо Гучи, а инспирирана од една марама направена специјално за Грејс Кели, откако таа ја посетила продавницата на Гучи во Милано, во 1966 година. Во оваа колекција доминираат нотите на гарденија, тубероза, магнолија, темјанушка и мандарина.

Парфемот е наменет за: романтични жени кои се секогаш заљубени.

Парфеми инспирирани од модните икони


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар