Напиток за рамен стомак по празничните гозби

Празничната трпеза во овој период од годината, е нешто на кое ретко кој може да остане рамнодушен. Но, дури откако ќе се прејадеме вкусни празнични оброци, стануваме свесни дека тоа гоштевање веднаш ќе се одрази на нашиот стомак. Доколку планирате да заблескате со вашата фигура во текот на новогодишните и божиќните празници, употребете го овој брз и ефикасен рецепт, кој ќе ви го израмни стомакот и покрај прејадувањето.

Напиток за рамен стомак по празничните гозби

Потребни состојки:
  • 2 литри вода
  • 1 лажица свеж рендан ѓумбир
  • 1 краставица со средна големина, исечена на крукчиња
  • 12 ливчиња нане
Подготовка:

1. Во голем, стаклен сад, бокал или шише со широко грло ставете ги сите наведени состојки.

2. Прелијте ги состојките со вода и така подготвениот напиток, оставете го преку ноќ во фрижидер или на балкон.

3. Подготвениот напиток пијте го во текот на целиот ден, секојпат кога ќе почувствувате жед.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. vesna Reply

    A kaj ke najdime sega svezi livcinja od nane? I svez gjumbir?

Остави коментар