Кучињата и 2-годишните деца подеднакво разбираат

Кучињата и 2-годишните деца подеднакво разбираат

Автор: Весна Јовановска

Кучињата поседуваат социјални вештини и капацитет исто како и 2-годишните дечиња, покажало последното истражување на Унгарската академија за наука.Кучињата и 2-годишните деца подеднакво разбираатНаучниците откриле дека овие најценети домашни миленичиња, покрај на зборовите, реагираат и на гестикулациите и на емоциите од нивните сопственици. Кога им издавате команди, пресуден е контактот кој го остварувате со очите. Тие можат да препознаат кога вашето говорење се однесува на нив, а можат и да прочитаат што мислите во моментот.

Тимот научници од Академијата направил и видеоснимки од нивните реакции. Кога луѓето на различен начин, со различен тон и поглед ги поздравувале со зборовите „Здраво, куче“, тие можеле да ги прочитаат нивните намери, на идентичен начин како што тоа го прават и малечките деца.

„Нашите наоди покажуваат дека кучињата ја примаат човечката комуникација на начин кој порано им се припишувал само на бебињата. Тие во многу аспекти наликуваат на децата. Преку контакт со очите, лесно можат да ги откријат нашите мисли“, вели  д-р Џозеф Топал, предводник на тимот што ги вршел истражувањата.

Тимот научници од Унгарската академија, на кучињата им пуштал и видеоснимка, на која човек во рацете држел два пластични сада и ги подавал кон нив. Во првиот случај, тој гледал право во кучињата и со пискав глас ги поздравувал. Подоцна истиот поздрав го повторувал со длабок глас, избегнувајќи контакт со очите. Истражувањето покажало дека вниманието им го привлекол, тогаш кога остварил контакт со очите и покажал дека има намера да комуницира со нив. Реакциите на кучињата ги набљудувале со новата технологија за следење на погледот „eye-tracking“.

„Ова е прва студија во која за изучување на социјалните вештини на кучињата се користи ваквата технологија. Со следење на движењето на очите на кучињата бевме во можност да ги добиеме информациите од прва рака, како нивните мозоци всушност функционираат“, објаснува д-р Топал.

Според тимот научници предводени од д-р Топал, дел од резултатите кои ги добиле во текот на истражувањето, несомнено ќе го потврдат она во што веќе одамна се сомневаат голем број сопственици и тренери на кучиња.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар