Кое годишно време сте вие?

Кое годишно време сте вие?

Без разлика кои бои се во тренд, секогаш ќе постојат нијанси кои изгледаат добро на вас и некои кои едноставно не ви прилегаат. На ниеден човек не му стои секоја боја, бидејќи палетата бои кои најдобро ви прилегаат, ја определува комбинацијата од бојата на вашите очи, коса и тен. Ако ги знаете боите кои најдобро ви стојат, ќе можете да направите разлика помеѓу тоа дали е подобро да носите златен или сребрен накит, дали црвена блуза ќе изгледа одлично или ужасно на вас и какви нијанси на шминка треба да нанесувате. Навистина е важно да ја знаете вашата палета на бои, бидејќи во спротивно ризикувате да изгледате многу лошо.

Верувале или не, постои еден старомоден начин, кој ви кажува кои се вашите бои и тој е сè уште релевантен после многу години. Станува збор за една студија за боите кои најдобро им стојат на луѓето, а се нарекува сезонска анализа на бои.

Кое годишно време сте вие?

Како да откриете кои бои вам најдобро ви прилегаат?

Во главно, анализата на бои се заснова на вашата природна боја на коса, кожа и очи и начинот на кој тие нијанси се во комплементарен или спротивен однос со боите кои одлучувате да ги облечете на себе.

Анализата на бои ги сведува сите луѓе во четири сезони на бои: пролет, лето, есен и зима. Понатаму, овие четири сезони се поделени уште на 3 различни поткатегории. Системов не е совршен, но може навистина да ви помогне да добиете основна идеја, за тоа кои нијанси бои се одлични за вас.

Со помош на графиконов, прво треба да откриете кое годишно време сте.

Кое годишно време сте вие?

Ако имате проблем околу ова, застанете пред огледало и земете по едно парче облека со морнарско-сина боја, јагленесто-сива, медова и светлокафена боја. Ако немата облека во оваа боја, употребете што било, макар и хартивче и ставете го покрај вашето лице. Ако бојата станува доминантна во однос на вашето лице, тогаш тоа е знак дека бојата не е во ред за вас. Ако пак ве освежува, прави вашите очи да изгледаат посветли и косата ви изгледа подобро, тогаш сте ја нашле вашата добитна комбинација.

Откако го пронајдовте вашето годишно време, според нијансата на вашата коса, очи и тен, пронајдете ја вашата поткатегорија, за да дознаете кои се вашите нијанси на бои.

Типови пролет:

1. Рана пролет

Очи: сини, зелени, тиркизни или светла лешник-боја
Коса
: светла до средно златеникаво-руса, сребреникаво-руса или светло до средно кафена боја
Кожа
: бледо розеникава или розеникава-беж боја

Најдобрите бои за вас се:

Кое годишно време сте вие?

2. Свежа пролет

Очи: тиркизно-сини, зелени, златеникаво-кафени или жолтеникави
Коса
: средно до темно кафена или кафено-црна. Тука спаѓаат и оние кои имаат темна коса со шатирани црвени прамени.
Кожа
: бронзена, костенлива, темно кафена (кај мелезите), светла окер боја, светло розеникава, бледа кожа со порцелански изглед

Најдобрите бои за вас се:

Кое годишно време сте вие?

3. Топла пролет

Очи: жолтеникави, маслинесто-зелени, светла лешник-боја или светло тиркизни очи
Коса
: светла златеникаво-кафена, црвена, руса со нијанса на морков-боја, темна лешник-боја со златеникав сјај
Кожа
: бронзена, златеникаво-беж, светло розеникава или бледа кожа со порцелански изглед. Кожата може да е пегава.

Најдобрите бои за вас се:

Кое годишно време сте вие?

Типови лето:

1. Рано лето

Очи: сини, зелени или сиви
Коса
: светла до средна сребреникаво-руса или светла до средна лешникова боја со сивкаст сјај
Кожа
: светло розеникава, бледа со порцелански изглед, беж боја или розеникава-беж (се мисли на кожа со беж боја, нашминкана со пудра со розеникава нијанса)

Најдобрите бои за вас се:

Кое годишно време сте вие?

2. Мирно лето

Очи: сивкасто-сини, лешник-боја или светло тиркизни
Коса
: светла до средна лешникова боја со сивкаст сјај, средно кафена (тука спаѓаат и оние кои имаат шатирана коса со руси прамени)
Кожа
: светла до средна беж боја

Најдобрите бои за вас се:

Кое годишно време сте вие?

3. Ладно лето

Очи: сиви, сини или тегет
Коса
: средна до темна лешникова боја со сивкаст сјај или кафена со малку или без црвенкаст сјај
Кожа
: розеникава-беж, сива-беж или природна светла беж боја

Најдобрите бои за вас се:

Кое годишно време сте вие?

Типови есен:

1. Длабока есен

Очи: темно кафени, светло костенливи, црни или темно зелени
Коса
: средно кафена, средна до темно кафена со бронзен сјај, темно костенлива или црна
Кожа
: светла до средна беж, златеникаво-кафена, темно кафена, маслинеста

Најдобрите бои за вас се:

Кое годишно време сте вие?

2. Дождлива есен

Очи: светло кафени, светла лешникова боја, сини или сиво-зелени
Коса
: златеникаво-руса до средно кафена или кафена со малку црвенкаст сјај. Може да има руси или црвени прамени.
Кожа
: светла до средна беж боја, златеникаво-кафена

Најдобрите бои за вас се:

Кое годишно време сте вие?

3. Топла есен

Очи: кафени, маслинести, лешник боја или жолтеникави
Коса
: темно костенлива, црвена, руса со нијанса на морков-боја или златеникаво-руса
Кожа
: бронзена, златеникаво-кафена, златеникаво-беж или светло беж

Најдобрите бои за вас се:

Кое годишно време сте вие?

Типови зима:

1. Длабока зима

Очи: црни, темно кафени накај црни или светло костенливи
Коса
: темно кафена накај црна, средно кафена, сребрено-сива или прошарана коса која белее
Кожа
: црна, средна беж, кафено-црна или маслинеста без розеникави или касија-нијанси

Најдобрите бои за вас се:

Кое годишно време сте вие?

2. Снежна зима

Очи: светло сини, лешник-боја, виолетови или зелени
Коса
: црна, костенлива, средно кафена или темно кафена
Кожа
: црна, темно кафена, природна беж, светло маслинеста, млечно бела (најчесто изгледа како да е транспарентна)

Најдобрите бои за вас се:

Кое годишно време сте вие?

3. Студена зима

Очи: сиви, сини, темно кафени или виолетови
Коса
: црна коса со тегет сјај, сребрена, прошарана коса која белее. Тука не спаѓаат црвените тонови.
Кожа
: средна беж, маслинеста или природна беж

Најдобрите бои за вас се:

Кое годишно време сте вие?.
Заклучок
: Имајте на ум дека можеби некои од боите прикажани погоре, нема да стојат фантастично на вас, но сепак тие се најдобрите нијанси според бојата на вашите очи, коса и кожа, кои дефинитивно треба да ги инкорпорирате во вашата гардероба.

Исто така, можеби ќе се пронајдете во неколку различни поткатегории. Тоа е сосема во ред и нормално. Целта на сезоните е само да ви даде основа за тоа кои се вашите најдобри бои. Тие не се некои статични правила, кои морате строго да ги почитувате.

Ви препорачуваме да експериментирате со различни нијанси, за да откриете кои најдобро ви прилегаат. Затоа, пред да одите на шопинг можете да го испечатите овој пост, како и водичот за комбинирање бои во вашата гардероба, за да ги имате вашите бои секогаш при рака.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар