Единствените модели на чевли кои ќе ви бидат потребни во текот на оваа година

Подигнете ја раката доколку веќе ви е мака од истите модели на чевли и чизми кои секојдневно ги гледате. Оставете ја раката во воздух доколку едвај го чекате првиот пролетен педикир. Да, не сте сами! Во продолжение ви ги претставуваме седумте модели на чевли кои ќе бидат најголем тренд во 2017-та година.

1. Што било кадифено

Не, овој луксузен материјал не е само одличен за во зима и не е само за чизми. Овој тренд ќе го гледате во текот на целата година на сè, од патики до сандали.

2-edinstveni-modeli-na-chevli-koi-kje-vi-bidat-potrebni-vo-tekot-na-ovaa-godina-www.kafepazua.mk_

2. Што било со токи

Знаеме, знаеме, вашите омилени балетанки на врзување и понатаму се хит. Но, со ова едноставно надградување, вашите обувки ќе добијат вистински „еџи панк лук“. Токите не се резервирани само за моторџиските чизми до глуждови и оваа година ќе ги гледаме насекаде.

3-edinstveni-modeli-na-chevli-koi-kje-vi-bidat-potrebni-vo-tekot-na-ovaa-godina-www.kafepazua.mk_

3. Спортски папучи

Овие гумени папучи ги обожаваат ѕвездите како Ријана, Кајли Куоко, Кајли Џенер и останатите. Тие се само малку поразлични од апостолките. Но, исто така се и неверојатно удобни.

4-edinstveni-modeli-na-chevli-koi-kje-vi-bidat-potrebni-vo-tekot-na-ovaa-godina-www.kafepazua.mk_

4. Што било металик

Ова се вистински гламурозни обувки. Оваа година новата „неутрална“ се златната, сребрената и која било друга сјајна металик нијанса што ја преферирате. Лесно ќе можете да ги комбинирате со сите ваши парчиња облека.

5-edinstveni-modeli-na-chevli-koi-kje-vi-bidat-potrebni-vo-tekot-na-ovaa-godina-www.kafepazua.mk_

5. Необични детали

Дали тоа се цветови на вашите чизми? Најсериозно, во новата година ќе носиме приврзоци, везови, апликации и принтови какви што не сме виделе досега. Кажете им „збогум“ на досадните бели патики.

7-edinstveni-modeli-na-chevli-koi-kje-vi-bidat-potrebni-vo-tekot-na-ovaa-godina-www.kafepazua.mk_

6. Патики на навлекување

Варијациите на овој модел на чевли можете да ги видите насекаде. Ако ги немате, ова е годината во која ќе се запознаете со овие тренди обувки.

6-edinstveni-modeli-na-chevli-koi-kje-vi-bidat-potrebni-vo-tekot-na-ovaa-godina-www.kafepazua.mk_

7. Чевли со ремче зад петата

Искрено, ова се оние чевли кои ги носи вашата баба, но многу подобри. Модерната варијанта на овие чевли би ги обожавала и самата Коко Шанел.

8-edinstveni-modeli-na-chevli-koi-kje-vi-bidat-potrebni-vo-tekot-na-ovaa-godina-www.kafepazua.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар