5 едноставни работи со кои ќе го забавите процесот на стареење

Иако не можеме да го прекинеме процесот на стареење, сепак можеме да преземеме неколку работи со кои барем ќе го забавиме. Ова се неколку работи со кои на кожата ќе ѝ дадете комплетно нов изглед и некоја година помалку.

5 едноставни работи со кои ќе го забавите процесот на стареење

Пијте многу вода

Водата му помага на вашиот организам нормално да функционира, што се рефлектира и на кожата. Обидете се да пиете по 8 чаши вода дневно.

Намалете го стресот

Доколку научите како да го контролирате стресот и да се носите со него, тоа значително може да го одржи вашиот изглед. Почнете од поедноставните работи – дишете длабоко, избегнувајте избрзани реакции и немојте премногу да се грижите за работи на кои не можете никако да влијаете и кои не зависат од вас.

Користете маски од овошје

Токму овие маски можат да ѝ ја вратат влажноста на вашата кожа и да ја нахранат длабоко. Некои од нив можете да ги правите и сами по дома.

Редовно вежбајте

Вежбите ќе ви помогнат да бидете пофлексибилни, ќе се заштитите од голем број можни здравствени проблеми, но и многу подобро ќе изгледате. Доколку не сакате интензивна програма, барем одете редовно на прошетки.

Хранете се здраво

Исхраната богата со овошје и зеленчук, може многу да значи за вашата кожа, а покрај тоа вие ќе се чувствувате многу подобро и поздраво.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар