Проблеми со здравјето што можете да ги откриете од вашите стапала - Part 2

Проблеми со здравјето што можете да ги откриете од вашите стапала

7. Болни зглобови

Проблеми со здравјето што можете да ги откриете од вашите стапала

Болните зглобови на стапалата, односно ревматоиден артритис, е нарушување во кое вашиот имунитет го напаѓа вашето тело. Обично има влијание на зглобовите и предизвикува болни отоци кои можат да водат до ерозија на коските и деформитет на зглобовите. Воспалението поврзано со овој артритис може да им наштети и на другите делови од телото, иако болеста може да се третира со модерните лекови. Ако почувствувате нешто слично, посетете го вашиот лекар што е можно побрзо.

8. „Ронлива“ кожа

Проблеми со здравјето што можете да ги откриете од вашите стапала

Атлетското стапало е воспалителна болест на кожата која го напаѓа долниот дел на стапалата и кожата помеѓу прстите. Обично кожата е црвена и ронлива и може да биде покриена со мали пликови. И покрај името, болеста се појавува и кај атлетичарите, но и кај другите луѓе. Најчесто е предизвикана од заразна габична инфекција која се добива од шетање боси на јавни места како теретани, јавни базени, заеднички бањи и салони за нокти. Оваа болест се лекува лесно, но ако страдате од дијабетес или ослабен имунитет, најдобро е да го посетите вашиот лекар.

9. Деформитет на прстите и ноктите

Проблеми со здравјето што можете да ги откриете од вашите стапала

Деформитетите на стапалата се разни физички промени кои се резултат на нетретирана медицинска состојба. Овие промени можат да бидат во форма на заобленост на ноктите, искривување на ноктите, омекнување на нокотот или зголемување на врвовите на прстите. Не секогаш е јасно зошто се појавуваат овие деформитети, но познато е дека се активираат од одредени болести. Најчесто се последица на нарушувања поврзани со белите дробови и респираторниот систем. Деформитетите можат да бидат и знак на рак, проблеми со срцето, преактивна тироидна жлезда, воспаленија на цревата и болести на црниот дроб. Ако забележите каков било деформитет на прстите или ноктите посетете го вашиот лекар.

10. Промена на бојата на прстите

Проблеми со здравјето што можете да ги откриете од вашите стапала

Промената на бојата на прстите е еден од главните симптоми на Рајнодовата болест. Оваа болест предизвикува промена на бојата и трпнење на екстремитетите. Ова се случува бидејќи помалите артерии што ја носат крвта до кожата се стеснуваат и ја намалуваат циркулацијата. Обично погодените делови од кожата добиваат бела боја, а потоа можат да станат сини и студени. Со загревање на телото се подобрува циркулацијата, а погодените места стануваат црвени, отекуваат и предизвикуваат чешање.

11. Црвени и болни табани

Проблеми со здравјето што можете да ги откриете од вашите стапала

Ако забележите дека вашите табани стануваат поцрвени, болни, па дури и вкочанети, може да станува збор за тромбоза. Ова е сериозно нарушување при кое парче згрутчена крв ги блокира крвните садови. Може да предизвика болка и отоци во ногата и многу опасни компликации. Тромбозата најчесто се појавува кај луѓе над 50 години, но ако имате семејна историја со болеста, може да се појави и порано. На пример пушачите, дебелите луѓе и луѓето кои имале повреди можат да страдаат од тромбоза. Чудно е што симптомите се појавуваат само кај половина од луѓето со тромбоза. Некои од симптомите се:

  • Отекување на стапалата, табаните, или глуждовите.
  • Болки на заболеното место.
  • Потопла кожа на заболеното место.
  • Кожата на заболеното место се претвора во црвена или сина.

12. Деформитет на стапалата

https://www.kafepauza.mk/zivot/tochki-na-vashite-stapala-koi-mozhete-da-gi-masirate-i-da-go-podobrite-vasheto-zdravje/

Ако забележите ненадејни болки и деформитет, можеби станува збор за гихт. Ако го имате во нарушување имате повисоко ниво на урична киселина во телото која се таложи околу зглобовите и создава урични кристали. Една од најчестите причини за појава на гихт е дехидратација. Кога телото е дехидрирано, го зголемува производството на урична киселина. Кај здравите луѓе оваа киселина минува низ дробот, па во крвта и се исфрла преку урината или цревата. Кога сте дехидрирани уричната киселина не се отстранува од телото. Ако не се лекува, нарушувањето може да предизвика трајна штета на вашите зглобови.

Дознајте и како да ги масирате стапалата за да го подобрите вашето здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар