Како да се ослободите од стриите и како да ја спречите нивната појава? - Part 2

Како да се ослободите од стриите и како да ја спречите нивната појава?

Креативно решение

Како да се ослободите од стриите и како да ја спречите нивната појава?

Денес можете да ги покриете стриите и со тетоважи. Сепак, во некои случаи не треба да го правите тоа.

  • Ако стриите се нови и виолетови, најдобро е да почекате. Во спротивно тетоважата може да се оштети. Имајте на ум дека добриот тату артист нема да се согласи да тетовира врз нови стрии.
  • Немојте да се тетовирате додека доите. Се препорачува да чекате барем 1 година.
  • Немојте да се тетовирате ако планирате да имате дете во иднина. Во текот на бременоста може да настанат нови стрии кои ќе ја оштетат тетоважата.

Можете да се тетовирате ако:

  • Лузните се стари и имаат бела боја.
  • Сте биле бремени, но веќе сте ослабеле и сте се вратиле во форма.
  • Не планирате да имате повеќе деца.

Магичен начин

Како да се ослободите од стриите и како да ја спречите нивната појава?

Бразилскиот тату артист Родолфо Торес смислил уникатен начин за прикривање на стриите. Тој користи боја што е најслична до онаа на кожата на клиентот и со неа ги покрива стриите. Со овој трик тој покрива и темни кругови под очите и слични проблеми.

Како да ја спречите појавата на стрии?

Како да се ослободите од стриите и како да ја спречите нивната појава?

Ако веќе имате стрии, важно е да знаете како да го ја спречите појавата на нови.

  • Во вашата исхрана треба да се вклучени сите неопходни витамини и елементи. Повеќето од нив влијаат на еластичноста на кожата.
  • Пијте многу вода. Еластичноста на кожата зависи од нејзината влажност.
  • Внимавајте на вашата тежина. Немојте да се дебелеете или слабеете нагло.
  • Ако спортувате, не обидувајте се да постигнете брзи резултати.
  • Навлажнувајте ја и грижете се за вашата кожа. Ако немате лузни, лосионите, маслата и кремите се одлични. Ако ги нанесувате со масажа, вашата кожа ќе биде поздрава и поеластична.

Прифаќање

Како да се ослободите од стриите и како да ја спречите нивната појава?

За разлика од повеќето луѓе кои мислат дека стриите се ужасни, многу луѓе сакаат да нè убедат дека стриите всушност се убави. Шпанската артистка Синта Торт Картро решила да ја нагласи оваа убавина со боја и четка. Нејзиниот Инстаграм профил е полн со жени кои биле доволно храбри да го покажат овој недостаток, а артистката им помага да се сакаат уште повеќе.

Како да се ослободите од стриите и како да ја спречите нивната појава?

Артистката Сара Шакил од Пакистан се прослави со нејзината идеја да ги претвори стриите во светкави линии.

Како да се ослободите од стриите и како да ја спречите нивната појава?

Некои модерни брендови за облека исто така имаат свој придонес во ова движење и најмуваат модели кои не ги исполнуваат популарните стандарди за убавина. Нивните рекламни кампањи кажуваат дека стриите се убави и нема потреба да ги криете.

Погледнете и кои се најчестите заблуди за стриите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар