Топли мисли за животот и љубовта од принцезата Дијана

Дијана, принцезата од Велс, беше првата жена на Чарлс, принцот од Велс. Нивните синови принцовите Вилијам и Хари се втори и трети по ред за наследување на тронот на Велика Британија. Уште со самото објавување на нејзината веридба со Чарлс, Дијана стана една од најголемите јавни личности во светот. Таа беше во центарот на медиумите, од почетокот до самиот крај кога трагично загина во сообраќајна несреќа во август, 1997 година.

Топли мисли за животот и љубовта од принцезата Дијана
Дијана извршувајќи ги своите кралски обврски, успеа да се вовлече во срцата на голем број луѓе ширум светот. За нејзината добрина и топлина сведочат и наредниве неколку цитати…

„Фамилијата е најважното нешто на светот.“

„Правете добри дела без да очекувате награда, но знаејќи дека еден ден некој може да го направи истото за вас.“

„Правете го само она што ви го кажува срцето.“

„Ако најдете некој кој го сакате во животот, цврсто чувајте ја таа љубов.“

„Не сакам скапи подароци; не сакам да бидам купена. Имам сè што сакам. Едноставно сакам некој да биде тука за мене, да направи да се чувствувам безбедна и сигурна.“

Топли мисли за животот и љубовта од принцезата Дијана

 

„Не се водам според правилата. Се водам според срцето, не според главата.“

„Животот е само едно патување.“

„Најголемиот проблем денес во светот е нетолерантноста. Сите се толку нетолерантни еден кон друг.“

„Прегратките можат да направат многу добро, особено за децата.“

„Секој од нас има потреба да покаже колку се грижи за другите, и додека го правиме тоа, всушност се грижиме и за себе.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. dani Reply

    toj shto ga pishuval malku da ne gi pobrkal brojkite 😀

Остави коментар