Тоа што прво ќе го забележите на оваа слика го открива вашиот најдлабок страв

Тоа што прво ќе го забележите на оваа слика го открива вашиот најдлабок страв

Стравовите, болката, целите и сите останати елементи на вашата личност во вас покренуваат импулсивни реакции, па заради тоа понекогаш можете да се изненадите и самите себеси. Вашата потсвест сокрива многу емоции за кои можеби ни вие не сте свесни. Во психологијата постојат проекциски психолошки тестови кои помагаат да ги откриете најдлабоките чувства. Еден од најпознатите тестови од овој вид е Роршаховиот тест со дамките во кој секој, зависно од тоа што е скриено во неговата потсвест, гледа нешто поразлично. Овој тест е поразличен, па тоа што прво ќе го забележите на оваа слика открива какви стравови имате, како и неколку останати особини кои ја одразуваат вашата личност и карактер. Епа ајде, што прво забележавте?

1-ona-shto-prvo-kje-go-zabelezhite-na-ovaa-fotografija-go-otkriva-vashiot-najdlabok-strav-www.kafepauza.mk_

  • Девојче

    Девојчето покажува дека вашите потиснати емоции најверојатно доаѓаат од детството. Тоа може да биде траума од раното детство или дури во пренаталната фаза, во текот на бременоста, раѓањето или во самите почетоци од животот. Односот со мајката е клучен за емоционалниот развој.

    Ако детето поминало премногу време во болница далеку од мајката или од неа добивало малку љубов во раните години од животот, можно е тоа независно да се рефлектира во разни стравови, на пример страв од донесување одлуки.

    2-ona-shto-prvo-kje-go-zabelezhite-na-ovaa-fotografija-go-otkriva-vashiot-najdlabok-strav-www.kafepauza.mk_

  • Пеперутка

    Пеперутката е симбол на кој му се препишуваат разни видови значења. Според толкувачите на соништа, светлата и шарената пеперутка е знак на добра надеж, нов настан во животот, нова среќа и просперитетна фаза на животот. Темната пеперутка со светли траги на крилата се поврзува со пропуштена прилика, за која не сте знаеле или не сте је препознале, а би можела да ви биде корисна.

    Значењето на овој симбол произлегува од духовната страна која ги води пеперутките до светот на мртвите и им се препишува улога за пренесување на душата во животот после смртта. Ако на оваа слика најпрво сте ја забележале пеперутката, можно е да имате потреба да го пронајдете својот пат низ вашата душа или низ душата на луѓето кои исчезнале. Исто така, пеперутката може да укажува на изгубена доверба или несвесен страв од смртта.

    3-ona-shto-prvo-kje-go-zabelezhite-na-ovaa-fotografija-go-otkriva-vashiot-najdlabok-strav-www.kafepauza.mk_

  • Печурка

    Сместена е во средината на фотографијата и е поголема во однос на реалноста, но и во однос на околината. Јагодата симболизира срце и љубов. Според една легенда, Венера не можела да престане да плаче заради Адонисовата смрт, а од секоја солза која паднала на земјата, се создала по една јагода. Ако прво сте ја забележале јагодата, тоа може да значи дека стравувате дека вашата љубовна врска ќе заврши лошо или ќе се заљубите во некој што не е за вас или не одговара на вашата љубов.

    Луѓето кои имаат вакви стравови, често се во односи за кои не веруваат дека имаат иднина или започнуваат некоја врска свесни дека таа ќе трае кратко. Коренот на овој страв е главно поврзан со комплицираниот однос со еден од родителите низ детството, но и со односите помеѓу родителите и со начинот на кои ги изразувале своите емоции.

    4-ona-shto-prvo-kje-go-zabelezhite-na-ovaa-fotografija-go-otkriva-vashiot-najdlabok-strav-www.kafepauza.mk_

  • Череп

    Черепот всушност не постои на фотографијата, туку станува збор за оптичка илузија во која останатите мотиви создаваат облик на череп. Некои луѓе не го гледаат на сликата сѐ додека некој не им покаже каде се наоѓа. Но, ако вие сте го забележале черепот без туѓа помош, тоа покажува дека најверојатно живеете со страв од разочарувања кои може да произлезат од односите со другите луѓе.

    Тука може да се работи и за страв од сопствената смрт или смртта на некоја блиска личност. Причината за тој страв можеби е фактот дека во минатото сте се чувствувале ужасно беспомошно во некои ситуации на кои не сте можеле да влијаете, на пример, на нешто што некој друг одлучил.

    5-ona-shto-prvo-kje-go-zabelezhite-na-ovaa-fotografija-go-otkriva-vashiot-najdlabok-strav-www.kafepauza.mk_

  • Две дрвја

    Стеблото е симбол на вашите корени, а во овој случај, двете стебла создаваат мост кој може да укажува на тоа дека внатре во вас постои расправија која уште не сте успеале да ја решите.

    Мислите, стравовите или расправиите со кои се борите и за кои никако не пронаоѓате решение, полесно ќе ги отстраните доколку замолите некого за помош, со цел да ги согледате сите ситуации без предрасуди. Тоа би можело да ви помогне да пронајдете нови перспективи на проблематичната ситуација и успешно да го пронајдете излезот.

    6-ona-shto-prvo-kje-go-zabelezhite-na-ovaa-fotografija-go-otkriva-vashiot-najdlabok-strav-www.kafepauza.mk_

Постојат многу слични тестови кои може да откријат многу работи за вас, а ние ви предложуваме да изберете крошна и да прочитате кратка анализа на вашата личност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар