20 знаци дека сте токму таму каде што треба да бидете

20 знаци дека сте токму таму каде што треба да бидете

Честопати се прашуваме дали донесуваме вистински одлуки, дали правиме добри избори и дали се движиме во вистинска насока. Се прашуваме дали можеби сме завршиле на погрешно место во животот, но никако не можеме да дознаеме со сигурност. Прочитајте ги овие 20 знаци кои ќе ви потврдат дека сте токму таму каде што треба да бидете…

20 знаци дека сте токму таму каде што треба да бидете

1. Си дозволувате да чувствувате

Не сте повеќе затворени, туку ве интересираат повеќе работи. Поставувате прашања, сакате да истражувате и да доживувате нови искуства. Плачете, се смеете, се грижите и се радувате. Имате капацитет за чувствување широк спектар на емоции.

2. Работите излегле како што треба иако сте биле исплашени и загрижени дека нема да се случи тоа

Универзумот комуницира со вас преку случајности. Најдобриот начин да дознаете дали сте на вистинскиот пат е да видите како светот реагира на вашиот труд. Не заборавајте на следнава поговорка: „Движете се и ќе ви се отвори патот“.

3. На туѓиот успех реагирате со „Тоа е нивен пат“, а не со „Зошто и јас не успеав во истото?“

Колку посреќни сте со вашиот живот толку помалку ќе го сакате она што го имаат другите. Колку посреќни сте со вашите одлуки толку помалку ќе ви треба туѓото одобрување.

4. Се промениле вашите односи со луѓето

Можеби ќе забележите дека сега подобро се согласувате со луѓето за разлика од порано или дека сте се зближиле со родителите. Можеби ќе сфатите дека не сте посветувале доволно внимание на вашиот партнер и сте нашле начин да го поправите тоа. Во секој случај, врските со другите луѓе ќе бидат одраз на врската што ја имате со себеси.

5. Поважно ви е да бидете спокојни отколку да бидете среќни

Повеќе не се стремите кон освојувањето нови височини. Најдобро се чувствувате кога работата ви е завршена, обврските средени, а здравјето добро. Позаинтересирани сте за тоа да изградите мирен живот отколку постојано да бегате од вашата анксиозност.

6. Не ве мотивира стравот, туку замислата за иднината

Може да имате цели без да се вознемирувате поради фактот што сѐ уште не сте ги постигнале. Не сте робови на вашите очекувања и критериуми. Работите ги завршувате чекор по чекор.

7. Можете да направите работи што ви се чинеле невозможни пред неколку години

Без разлика дали станува за нешто големо како што е живеењето сами во нов град, патувањата и менувањето на кариерата или пак нешто мало како што е промена на фризурата, подобрување на исхраната или штедење пари, горди сте поради тоа што сте успеале да созреете во текот на изминативе години.

20 знаци дека сте токму таму каде што треба да бидете

8. Уживате во моментот, наместо да го одбегнувате моментот

Сакате да бидете присутни во она што ви се случува во животот, наместо да си го одвлекувате вниманието додека не помине моментот. На тој начин учите што значи да се живее со полни гради.

9. Не се грижите толку за туѓото мислење

Задоволни сте од себе и не се грижите толку за туѓото мислење и одобрување.

10. Свесни сте за минливоста на животот

Уживате во животот затоа што знаете дека нема да трае вечно. Не се плашите од можноста да заглавите во место или од тоа дека нештата никогаш нема да се променат. Знаете дека времето ви е ограничено и сакате да го трошите паметно.

11. Разбирате зошто сте ги направиле грешките во минатото

Признавањето дека сте згрешиле е првиот чекор кон самосвесноста. Но, кога ќе разберете што ве поттикнало да ги направите тие грешки, ќе можете да си го промените животот на подобро.

12. Јасно ви е како би сакале да ви изгледа иднината иако не сте сосема сигурни како ќе го постигнете тоа

Иднината не претставува страшна бездна на непознатото. Колку посвесни сте за вашите вредности толку подобро ќе знаете како да ги вклучите во вашиот живот.

13. Не ги осудувате луѓето и не сакате бесмислени расправии

Колку поискрено се сакате себеси и вашиот живот толку помалку ќе имате потреба да се занимавате со туѓите животи. Колку посамоуверено и посигурно се чувствувате толку помалку ќе сакате да ја докажувате вашата интелигенција, доминација или успех.

14. Се плашите да не го изгубите она што го имате, па затоа внимавате да не паднете во искушение

Ако размислите подобро, ќе сфатите дека сте постигнале многу работи за коишто отсекогаш сте сонувале. Нормално е тоа што се плашите да не ги изгубите. Стравот е добар знак дека се движите во вистинска насока.

20 знаци дека сте токму таму каде што треба да бидете

15. Сте презеле одговорност за вашиот живот

Вашата главна цел е да се погрижите за себе и за луѓето кои ги сакате. Внимавате на трошењето пари, се грижите за вашето здравје и се гордеете на успесите.

16. Ги правите работите што ви причинуваат задоволство, а не работите што сметате дека треба да ги направите

Кога треба да одбирате што да правите во слободно време, секогаш го одбирате она што навистина ви причинува задоволство, наместо она што се очекува од вас да го направите.

17. Не се плашите да бидете сами

Дури и да не ви се допаѓа тоа, повеќе ве плаши помислата од тоа да поминете време со погрешни луѓе отколку да останете сами.

18. Подобро комуницирате

Ако не сакате да одите некаде, не се плашите да кажете „Не, благодарам“. Не се плашите гласно да им се спротивставите на неправдите и предрасудите. Знаете како да ги искажете вашите потреби. Не се обидувате постојано да им се допаднете на сите.

19. Вашата висока самодоверба преминала на солидна самодоверба

Високата самодоверба подразбира „Јас сум совршен/а и секој успех во мојот живот се должи на моето однесување, а секој неуспех се должи на околностите“. Ниската самодоверба подразбира „Нема ништо добро кај мене и сѐ што е добро во мојот живот се должи на околностите, а сѐ што е лошо на моето однесување“. Солидната самодоверба гласи „Јас сум личност со силни и слаби страни и се обидувам да го прилагодам моето однесување на околностите најдобро што можам“.

20. Сте ја научиле лекцијата од минатото

Кога ќе ја сфатите поентата на сето тоа што ви се случило во минатото, тоа е знак дека конечно сте го пребродиле и сте си ја научиле лекцијата. Сте стигнале таму каде што треба, но сте сфатиле дека никогаш не сте биле навистина изгубени, само сте чекореле кон хоризонтот.

Доколку сметате дека не сте на вистинскиот пат во животот, можеби сте изгубени затоа што сте престанале да се слушате себеси.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар