Снаодлив орангутан се брише со мокра крпа за да се спаси од горештината

Орангутаните се познати како „шумски луѓе“, а откако ќе го погледнете видеото кое се наоѓа во продолжение, ќе ви стане јасно зошто го имаат добиено тој назив.Снаодлив орангутан се брише со мокра крпа за да се спаси од горештинатаБришејќи се со мокра крпа, овој орангутан знае точно како да се справи со летните горештини. Интелигентното животно седејќи на тревата во зоолошка градина во Токио, прво си ја натопува крпата во базен, а потоа со рацете убаво ја цеди од водата, исто како што тоа го правиме ние луѓето. Снаодлив орангутан се брише со мокра крпа за да се спаси од горештинатаДопирајќи се со мократа крпа, орангутанот изгледа како да ужива во својата генијална идеја за разладување. Снаодлив орангутан се брише со мокра крпа за да се спаси од горештинатаЗа да биде уште поинтересно, до базенот доаѓа уште мало орангутанче кое сака да ја позајми мократа крпа. Откако орангутанот одбива да му ја даде на малиот мократа крпа, тој почнува да плиска вода по своето лице, користејќи ги рацете. Снаодлив орангутан се брише со мокра крпа за да се спаси од горештинатаОрангутанот ги воодушевил посетителите на јапонската зоолошка градина, а сега тој забавува илјадници љубители на животни ширум светот, откако стана голем хит на Јутјуб. Видеото е поставено пред една седмица, а веќе има над 300.000 гледања. Уживајте во мајмунскиот перформанс. :)

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Nikola Reply

    So vakvi klipcinja lugje eden ton pari pravat…

Остави коментар