Што вели вашето омилено домашно милениче за вашиот карактер?

Животните се огромен дел од нашиот живот, па токму затоа и изборот на вашето домашно милениче може многу да открие за вашиот карактер. Секое животно има своја одлика која го издвојува од останатите, па токму на тој начин може да покаже и нешто повеќе за вашите одлики. Па, кое е вашето омилено домашно милениче?

Што вели вашето омилено домашно милениче за вашиот карактер?

1. Куче: Вие емоционално барате многу

Кучињата ве сакаат 100% од времето, без прекин. Секој ден е најсреќниот ден во животот на вашето куче. Тие ве пречекуваат на вратата секогаш ќе дојдете дома, а понекогаш дури и се подмочуваат од преголема возбуда кога ќе ве видат. Никој никогаш не може да ве сака толку многу и толку безусловно како вашето куче.

2. Мачка: Вие не се грижите за ништо

Мачките дефинитивно не се грижат за ништо, бидејќи во нивниот ум тие се ваши сопственици. И ако ве изгубат, нема ни да забележат – исто како да изгубиле слуга што дури ни името не им го знаеле.

3. Риба: Вие се плашите од обврзување

Да бидеме реални, рибата е скоро на исто ниво како растение кога станува збор за одржување и грижа. Дури и потонатото богатство кое е на дното на аквариумот и испушта воздушни балончиња на неколку секунди е поинтересно од самата риба.

4. Змија: Вие сте бестрашни

Вие чувате домашно милениче кое би можело да ве изеде и вас и целото ваше семејство, доколку добие шанса. Токму затоа и мора да ѝ принесувате жртви за да ја спречите да се обвие околу вашиот врат додека спиете. Тоа е причината поради која никој не сака да си игра со вас.

5. Морско прасе или хрчак: Вие лесно се забавувате

Вам дури и најмалите ситници ви се интереси, па токму затоа и можете со саати да се заборавите гледајќи ги овие мали животинчиња кои се губат во лавиринт и да уживате во тоа како никогаш претходно.

6. Птица: Не се плашите да бидете малку чудни

Птиците се малку чудни, да бидеме искрени. Еднаш одамна, тие биле диносауруси, а денес се познати како мали суштества кои живеат во кафез и го копираат нашиот говор.

7. Егзотични животни: Вие сте ладнокрвни

Постои голема листа животни кои луѓето ги припитомиле со текот на времето. Тогаш зошто би сакале да одвлечете тигар од својата џунгла и да го фрлите во вашиот мал кафез?

8. Не сакате животни: Вие сте лоша личност

Постојат само 3 видови животни: оние кои се неодоливи, оние кои се смешни и оние кои се комбинација од двете. Не постои реална причина поради која вие не би ги сакале животните. Освен ако не сте многу добра личност…