Што велат вашите секојдневни навики за вашиот карактер?

Доколку сте опседнати со тестови за одредување на личноста, сигурно сте чуле за „Големите пет“. Според овој тест, карактерот може да се подели на 5 главни карактеристики и со нивна помош можеме да дознаеме што ни кажуваат секојдневните навики за нашиот карактер. Станува збор за следниве 5 карактерни особини: екстровертност, соработливост, совесност, отвореност и невротичност.

Што велат вашите секојдневни навики за вашиот карактер?

Екстровертноста одредува колку сте друштвени и комуникативни, соработливоста е поврзана со тоа колку добро се согласувате со другите, отвореноста кон нови искуства ги споредува желбата за авантура и внимателноста, а совесноста ги истражува безгрижноста наспроти грижата.

Сето ова звучи малку двосмислено доколку не знаете како може да се примени во секојдневниот живот. Неодамнешните истражувања ни овозможија да дознаеме како Големите пет особини влијаат на нашето постоење. Истражувањето, кое било објавено во „Личност и индивидуални разлики“ (Personality and Individual Differences), испитувало податоци од 90-тите кога претходните испитаници одговориле прашалник за одредување на Големите пет и исто така анализирале прашања околу тоа како секојдневните навики се поврзани со нормалниот живот. Откако направиле анализа на сите податоци, истражувачите направиле листа на работи кои луѓето честопати ги прават, а се поврзани со Големите пет карактеристики.

Погледнете дали имате некои од следниве навики и дознајте што кажуваат тие за вас…

Соработливост

Според истражувањето, луѓето кои се соработливи почесто пеат под туш. Соработливите луѓе генерално имаат широк круг на пријатели, но имаат проблем да напредуваат на работа. Спротивно на соработливоста се агресивноста и несоработливоста. Некои претходни истражувања покажале дека луѓето со чуден начин на одење се поагресивни.

Екстровертност

Доколку сте екстровертни, постојано сакате да комуницирате и обожавате да бидете опкружени со луѓе. Меѓутоа, ова истражување заклучило и дека екстровертите исто така сакаат да кажуваат „мрсни“ вицови. Освен тоа, екстровертите почесто се изложуваат на ризични однесувања. На пример, тие речиси секогаш зборуваат на телефон додека возат и возат со брзина поголема од дозволената.

Што велат вашите секојдневни навики за вашиот карактер?

Совесност

Според истражувањето, доколку сте многу совесни, шансите дека го грицкате моливот се многу мали. Овој тип луѓе се многу грижливи, трудољубиви, прецизни и обрнуваат внимание на детали. За разлика од нив, несовесните луѓе се невнимателни додека ги извршуваат задачите и претпочитаат да ги оставаат работите полу завршени.

Отвореност кон нови искуства

Луѓето кои имаат повисока интелигенција и кои се отворени кон нови искуства се покреативни, пцујат во јавност, одат по дома голи, купуваат органска храна, јадат зачинети појадоци и не учествуваат во спортски активности. Ви звучи познато?

Невротичност

Доколку сте невротични, најверојатно понекогаш сте многу напнати и немате контрола врз сопствените емоции. Од друга страна, пак, луѓето кои се емоционално стабилни воопшто не се грижат за туѓото мислење.

Секако дека ниту еден тест за одредување на личноста не треба да го земате здраво за готово. Без оглед на тоа кои негативни особини ги поседувате, секогаш можете да го промените тоа и да стекнете навики кои ќе ви го направат секојдневниот живот полесен. Истражувањата исто така покажале дека вашиот карактер се развива додека наполните 30 години, така што постојат големи шанси дека ќе се промените за неколку години. Тоа значи дека никогаш не треба да престанете да работите на најдобрата верзија од себе!

Доколку сакате да дознаете повеќе за себе, направете го овој тест на личноста и дознајте кои се вашите главни карактерни особини и животни вредности.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар