Што открива вашата профил-слика на Фејсбук за вас?

Што открива вашата профил-слика на Фејсбук за вас?

Пред да одлучите по којзнае кој пат да ја промените вашата профил-слика на Фејсбук, размислете добро што ќе откриете со новата, бидејќи изборот на фотографијата открива многу повеќе за вас одошто мислите.

0-shto-otkriva-vashata-profil-slika-na-fejsbuk-za-vas-kafepauza.mk

Слика со партнерот поставуваат несигурни личности кои потврда за сопствената вредност наоѓаат во избраникот на своето срце. Ситуацијата е уште побезнадежна доколку изберат слика од свадба, со што на своите Фејсбук-пријатели им порачуваат: „Погледнете ме, во брак сум, успеав во животот“.

Слично е со оние личности кои за профилна слика избираат фотографија од своето дете – тоа се обично луѓе кои упорно зборуваат за пелени и болестите на своите деца и на кои единствен успех во животот им е што постанале родители.

Ако изберете сопствена слика од детството, носталгични сте и мислите дека во минатото сѐ било подобро. Веројатно и понатаму слушате стара музика, сметате дека „Пријатели“ е најдобрата ТВ серија која некогаш била снимена и не признавате ниедна книга напишана после 19 век.

Изборот на уметничка фотографија, најчесто црно-бела, говори дека зад неа се крие писател, архитект, актер или личност која е сигурна во своите уметнички, иако можеби никогаш непотврдени таленти.

Ако пак посакате да го поставите Хомер Симпсон покрај вашето име или некој друг лик од филмовите, размислете уште еднаш, бидејќи со тоа кажувате дека немате сопствена личност.

1-shto-otkriva-vashata-profil-slika-na-fejsbuk-za-vas-kafepauza.mk

Најдобра порака оставате кога поставувате своја фотографија, но не е сеедно каква. Луѓето кои сами себеси се фотографираат, позирајќи како манекени, всушност се многу несигурни во својот физички изглед.

Оние кои избираат да се сликаат од далеку така што не би можел никој да ги препознае, се срамежливи личности и остануваат резервирани додека некого добро не го запознаат.

Фотографија на која јасно се распознава ликот, зборува за самоуверена, иако по малку, здодевна личност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    И добро каква треба да е фотографијата -_- !?
    Пошто гледам каква и да ставиш е лошо.

  2. SI Reply

    A deka vie ste debili

Остави коментар