Разубавувајте се додека спиете: Производи за нега за заспаните убавици

Познат факт е дека трошиме апсурдно многу време наутро за да изгледаме најдобро што можеме: ги затнуваме порите со пудра, користиме пегли и фигара со огромни температури. И најважно, се изложуваме на разни хемикалии во текот на денот. Единственото прашање е зошто продуктите кои ги користиме на дневна база не ги употребуваме и во ноќните часови. Иако нашите тела сами се регенерираат навечер и сонот од 8 часа прави чуда, потребен е барем малку труд за прекрасниот изглед. Со помош на овие совети, „ќесињата“ под вашите очи ќе станат минато, а вашите кожа и коса ќе блеснат.

1-Esencijalni-produkti-za-zaspanite-ubavici-kafepauza.mk

1. Серум за лице

Многу жени и не ја знаат употребата на серумот за лице. На некои пак, им изгледа како непотребно трошење пари на продукт кој и воопшто не е од витална важност. Баш напротив, серумите за лице се полни со витамини и антиоксиданси кои навлегуваат во кожата многу подлабоко отколку кремот за хидратација. Како? Тие се направени од помали молекули така што можат да ги достигнат сите 3 слоеви на кожата и да се справат со црнките, брчките и да ги решат проблемите со пигментацијата. И сето ова додека вие спиете.

2. Ноќни кремови

Еден од митовите кога станува збор за ноќните кремови е дека тие се направени од исти состојки како и дневните. Постои голема разлика од дневниот крем до ноќниот. Дневниот крем содржи СПФ фактор, има лесна текстура и наменет е за да можете да ставате шминка врз него. Ноќните креми од друга страна, имаат потешка текстура и повеќе се фокусираат на хидратација на кожата. Исто така, тие не содржат СПФ заштитен фактор бидејќи се наменети за регенерирање и забавување на стареењето на кожата.

2-Esencijalni-produkti-za-zaspanite-ubavici-kafepauza.mk

3. Крем за тело од шеа путер

Полн со антиоксиданси кои се грижат за вашата кожа и големо количество омега 3 масни киселини кои спречуваат воспаление на кожата, овие кремови прават чуда за нашата кожа. Сепак, мора да се признае дека не е практично да нанесете густа крема наутро бидејќи сакате нешто што телото лесно ќе го апсорбира. Во ноќните часови пак, не постои никаква причина што ќе ве спречи.

4. Лабело

Изложувањето на сонцето, влажната клима, а дури и просториите кои се климатизирани ги уништуваат нашите усни во текот на денот. Поради овие фактори тие стануваат суви и напукнати, што е многу непријатно. Затоа пред да легнете да спиете, нанесете малку балсам за усни. Не само што ќе ги регенерира и ќе ги навлажни новите кожни клетки, туку и ќе се разбудите со нежни усни кои ќе бидат спремни за карминот.

3-Esencijalni-produkti-za-zaspanite-ubavici-kafepauza.mk

5. Крем за раце и нокти

Не заборавајте дека освен лицето, и рацете и ноктите се изложени на разни загадувања во текот на денот. Нанесете крем за раце и нокти пред да заспиете и разбудете се со меки и заштитени раце наутро.

6. Серум за коса

Едно од најтешките работи за контролирање е косата. На сите ни се случило да имаме лош ден за косата. Поради пеглите за коси и фигарата на косата ѝ е потребна соодветна грижа во текот на ноќта. Најдобриот продукт за оваа работа е дефинитивно серумот за коса. Тој има моќ да ги среди оштетените врвови и да ја смири косата. Најдобриот дел е што нема потреба да го измиете.

4-Esencijalni-produkti-za-zaspanite-ubavici-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар