Прекрасниот затворен зимски ски-центар во Дубаи

Ако сметавте дека жителите на Обединетите Арапски Емирати не виделе снег, тогаш сте во заблуда. Иако во зимскиот период температурите во пустините на Арапскиот полуостров често се искачуваат преку 20 степени, тие можат да го посетат супермодерниот затворен ски-центар во Дубаи, наречен Ски Дубаи, и да уживаат во сето она што го овозможуваат зимата и снегот: скијање, сноубординг, правење снешко или едноставно играње во снегот.

Прекрасниот затворен зимски ски-центар во ДубаиПрекрасниот затворен зимски ски-центар во Дубаи

Ски Дубаи е распослан на 22.500 квадратни метри во склоп на „Mall of the Emirates“, еден од најголемите трговски центри во светот. Доволно е голем да собере вештачка планина висока 60 метри од која се спуштаат пет скијачки патеки, од кои пак, најдолгата е 400 метри, како и посебни патеки за сноубординг, за санкање и за фристајл скијање, заедно со жичара.

Прекрасниот затворен зимски ски-центар во ДубаиПрекрасниот затворен зимски ски-центар во ДубаиПрекрасниот затворен зимски ски-центар во Дубаи

Покрај тоа, вкупно 3.000 метри квадратни се наменети за снежен парк со снежна пештера, тобогани, 3Д кино и простор за борба со снежни топки и правење снешко.

Прекрасниот затворен зимски ски-центар во ДубаиПрекрасниот затворен зимски ски-центар во Дубаи

Овој прекрасен затворен зимски центар може да прими 1.500 гости. Кога ќе се уморат од игрите во снегот, посетителите можат да се напијат кафе во кафулињата Сент Мориц и Авеланш, кои се инспирирани од светски познатите зимски центри, или да одат на шопинг во бројните продавници.

Прекрасниот затворен зимски ски-центар во ДубаиПрекрасниот затворен зимски ски-центар во Дубаи

Ски Дубаи работи преку целата година. Влезот во снежниот парк се наплаќа околу 25 евра, додека дневна ски-карта чини околу 62 евра.

Прекрасниот затворен зимски ски-центар во ДубаиПрекрасниот затворен зимски ски-центар во Дубаи


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар