Книга: „Приказни од Мјаукедонија“ – Игор Џамбазов

„Значи не сте нормални Вие хомосапиенсите!“

Книга: „Приказни од Мјаукедонија“ – Игор Џамбазов„Еднаш се живее, и тоа девет пати“. Запознајте ја Емилија Џамбазова со уметничко име Бавчанска. Дојдена од радовишките бавчи, провинцијалка која се соочува со згодите и незгодите на главниот град… Да не дојде до некаква забуна. Емилија е мачка. Посебна мачка во секој поглед, но најважно од сè, миленичка на единствениот Џамбазов. Прва мачка во нашата мила Мјаукедонија, а богами и во светот, која издала дневник со своите мемоари. Ѝ завидувате? Имате и зошто.

По двете претходни книги каде Џамбазов се осврна кон својата животна приказна, ја соголи душата и пред оние кои го сакаат, а и пред оние кои го мразат, овој пат издава книга во која тој е споредниот лик. Сопственикот на Емче кој мисли дека може да се носи со нејзиниот темперамент и мачешки инстинкт.


Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ



„Брадосаниот си го одржа зборот. Ме зема со себе. Малата Емче во големиот град. Вети дека ќе ме чува… Кутриот тој. Ќе разбере ли? Тој може да биде колку сака мој сопственик, но јас никогаш и никако нема да бидам негова сопственост. Не знае тој со кого си фатил работа.“

Ако некогаш неговото куче Бошко се потпишуваше на колумни, сега неговата Емче си пишува дневник. Тоа само докажува дека животните имаат посебно место во неговото срце. Зошто Еми, Емче, или како сакате, е посебна? Таа е мачка која макар во фантазијата на Џамбазов го разбира човековиот јазик, го разбира дури и нашето кирилично писмо, има свој став за секоја погода и непогода, од Евровизија до глобалното затоплување. Верувајќи дека древните Маи си скроиле перфектен план за човештвото, Ејми води дневник за речиси секој ден од 2012-та тврдејќи дека ќе биде и последна.

Книга: „Приказни од Мјаукедонија“ – Игор Џамбазов

„Владимир Илич – Ленин си го имал Мишка, и си го галел в скут додека давал интервју во Кремљ. Фреди Меркjури си ги имал Кити и Кети, неговите дебели ќерки, Курт Кобејн го имал лудиот Пиги и го носел на сите свои турнеи, Џејмс Дин го имал Маркус, подарок за роденден од Елизабет Тејлор… А Сопственикот ме имаше мене. Тој ги сака животните повеќе од луѓето, вклучувајќи се и себеси.“

Прекрасно мало дело со топли приказни од нашата единствена Мјаукедонија, кое ќе ве насмее со уникатната и неповторлива смисла за хумор на Џамбазов. На моменти ќе ве однесе во светот на фантазијата за потоа силно да ве мавне со реалноста по чело. Книга чии страни ќе ви прелетаат низ прсти за ден или два. „Приказни од Мјаукедонија“ е одличен начин кој авторот го одбрал за да ги критикува општествените појави, да исмее одредени карактеристики на мјаукедонскиот и светскиот човек, но пред сè да си даде силна критика и на самиот себе.

Книга: „Ледената принцеза“ – Камила Лекберг

Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk

Преку Емилија тој ги искажува своите мислења и ставови, и исто како што Џонатан Свифт го користи Гуливер за да потенцира дека коњите имаат подобри карактеристики од луѓето, Џамбазов со својата Емилија можеби сака да ни пренесе дека ние луѓето само мислиме дека контролираме сè. Дека со сигурност не сме толку идеални колку што мислиме дека сме.

Хомо сапиенси, Господ да Ве поживее!

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар со вашето име и презиме, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест. Имате време до вторник, 24 септември 2013.

Добитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини