Филмски јунакињи од 90-тите кои сите девојки ги сакаа

Филмски јунакињи од 90-тите кои сите девојки ги сакаа

Без разлика на сè, неоспорен е фактот дека 90-тите ги одбележаа одлични филмски хитови, но и филмски јунакињи кои им станаа миленички на сите девојки во светот. Денес се присетуваме токму на тие јунакињи, како и на филмовите кои благодарение на нивните маестрални улоги станале вистински хитови.

1-filmski-junakinji-od-90-tite-koi-site-devojki-gi-sakaa-www.kafepauza.mk_

1. Роуз Досон, „Титаник“

Нема девојка која не сакала, барем за момент, да се најде покрај Леонардо Дикаприо на местото на Кејт Винслет во многубројните сцени кои го одбележаа овој повеќекратно наградуван филм.

2-filmski-junakinji-od-90-tite-koi-site-devojki-gi-sakaa-www.kafepauza.mk_

2. Миа Волас, „Евтини приказни“

Сите девојки од 90-тите сигурно поминале низ бунтовнички период, а Миа Волас ја гледале како свој идол. Острата црна коса, шишките и погледот кој убива беа инспирација за многу девојки.

3-filmski-junakinji-od-90-tite-koi-site-devojki-gi-sakaa-www.kafepauza.mk_

3. Анџела Хејс, „Американска убавина“

Секоја девојка можеше да се пронајде во оваа јунакиња, додека Мена Сувари, актерката која ја играше, несомнено беше многу кул девојка во 90-тите.

4-filmski-junakinji-od-90-tite-koi-site-devojki-gi-sakaa-www.kafepauza.mk_

4. Кет Страфорд, „10 работи кои ги мразам кај тебе“

Признајте дека барем еднаш во текот на растењето сте се однесувале како Кет и сте ги користеле нејзините реплики од популарниот тинејџерски филм со Џулија Стајлс и Хит Леџер.

5-filmski-junakinji-od-90-tite-koi-site-devojki-gi-sakaa-www.kafepauza.mk_

5. Вивијан, „Убава жена“

Со оглед на тоа дека „Убава жена“ е вистинска модерна бајка, не е чудно што многу девојки, гледајќи го овој филм, посакале барем на еден ден да бидат како неа.

6-filmski-junakinji-od-90-tite-koi-site-devojki-gi-sakaa-www.kafepauza.mk_

6. Трејси Милс, „Седум“

Зошто? Затоа што сите сакавме да му бидеме сопруга на Бред Пит, па макар и на филм.

7-filmski-junakinji-od-90-tite-koi-site-devojki-gi-sakaa-www.kafepauza.mk_

7. Анет, „Сурови намери“

Рајан Филипе беше нашето момче од соништата, а Риз Витерспун нашата „омразена“ миленичка во филмот „Сурови намери“.

8-filmski-junakinji-od-90-tite-koi-site-devojki-gi-sakaa-www.kafepauza.mk_

8. Џени, „Форест Гамп“

Дали и вие плачевте додека го гледавте овој филм? Па колку и да е тешка приказната на Џени, ние ја обожававме затоа што таа и покрај сè продолжи да живее и бидејќи изгледаше тотално храбро и бестрашно.

9-filmski-junakinji-od-90-tite-koi-site-devojki-gi-sakaa-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар