Аурора бореалис

Аурора бореалис

Поларната светлина е сјај на ноќното небо, што се појавува во близина на двата земјини пола. На северниот пол, оваа појава се нарекува aurora borealis (северна зора) и го добила своето име по римската божица Аурора и грчкиот назив на северниот ветар, Бореас. Најчесто се појавува во два периоди од годината: септември и октомври и март и април (до ден-денес не е во целост разјаснето зошто). На југот, поларната светлина се нарекува aurora australis (јужна зора).(1) Аурора БореалисКреаторот на ова stop-motion видео, потрошил цела недела за да го направи и вели дека ова е најголемата Аурора бореалис во последниве неколку децении. Локацијата каде што го работел се граничи со северна Русија, а температурата на воздухот додека го снимал изнесувала -25 степени. Сепак, изгледа неверојатно, а само тој си знае како изгледа во живо.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар